Европската комисија денес започна три пазарни истраги за услуги во облак, од кои две се однесуваат на американските компании Амазон и Мајкрософт и нивната пазарна позиција во ЕУ.
Истрагите ќе проценат дали Амазон и Мајкрософт спаѓаат во категоријата „чувари на портите“ според Законот за дигитални пазари (ДМА), односно компании кои го контролираат пристапот до клучни дигитални платформи или услуги и со тоа имаат значителна пазарна моќ.
Амазон и Мајкрософт формално не ги исполнуваат сите критериуми на ДМА за „чувари на портите“ во сегментот на облак, но се сомнева дека имаат доволно влијание за да контролираат како другите бизниси пристапуваат до ресурсите во облакот и со тоа имаат непропорционално силна пазарна позиција.
Пресметување во облак (Cloud Computing) е основа на многу дигитални услуги и е клучно за развојот на вештачката интелигенција.
Комисијата нагласува дека на Европа ѝ е потребна фер, отворена и конкурентна средина за да се поттикнат иновациите и довербата на пазарот.
Доколку Амазон и Мајкрософт бидат назначени за „чувари на портите“, тие ќе имаат поголеми обврски кон конкуренцијата и ќе мора да им обезбедат пристап до своите платформи и услуги на други компании.








