| Macedonian
СПОРТ
3 мин читање
Младите македонски спортисити стануваат дел од Плазма Спортските игри на младите
Натпреварите ќе се реализираат во април, мај и јуни во 18 спортски дена во различи општини, а најдобрите поединци и екипи ќе патуваат на завршницата на најголемата аматерска спортска манифестација во Европа, која традиционално се одржува во Сплит
Младите македонски спортисити стануваат дел од Плазма Спортските игри на младите
Спортските легенди oд регионот и амбасадори на „Спортските игри за млади“ испратија охрабрувачки пораки до македонските деца / Others

„Плазма Спортските игри на младите“, најголемиот аматерски спортски настан за деца и млади во Европа, отвори ново поглавје со церемонија во Скопјe, со лансирање на проектот во Северна Македонија. Денеска во македонската Влада беше потпишан договор врз основа на модел на лиценцирање, што е првпат Игрите да бидат меѓународно проширени на овој начин.

Овој проект ќе ја продолжи својата мисија во 2026 година со вклучување на повеќе од 400.000 деца во Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија и Северна Македонија во спортски активности кои се целосно бесплатни за сите учесници.

Потпишувањето на договорот го реализираа Елена Мицковска, претседателка на Федерацијата на училишни спортови на Македонија, и Здравко Мариќ, претседател на „Плазма спортските игри за млади“.

На церемонијата на потпишување, во партнерство со Владата, Министерството за спорт и Федерацијата за училишен спорт на Северна Македонија, присуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, министерот за спорт Борко Ристовски, како и Гордан Грлиќ Радман, министер за надворешни и европски работи на Хрватска, Магнус Брунер, комесар на Европската комисија за внатрешни работи и миграција како и Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија во Северна Македонија.

„Првпат сме во Македонија и веруваме дека ова ќе биде чекор напред. Сакам да ги повикам децата да учествуваат и преку спортот да запознаат многу пријатели. Најдобрите ги очекуваме на најдоброто финале во Сплит“, рече претседателот на „Плазма спортските игри“, Здравко Мариќ.

Според премиерот Мицкоски, со ваквиот чекор земјава прави синегрија меѓу младите и спортот.

„Важно е да ги научиме младите дека иднината е во нив. Можам да зборувам како неуспешен спортист, но спортот остана секогаш во мене и затоа, како Влада, првпат формиравме Министерство за спорт. Мислам дека полека, но сигурно ги поминуваме успешно првичните предизвици и почнуваме да функционираме“, рече Мицкоски, зборувајќи за себе како кошаркар, кого животот го насочил кон поинаква патека.

Спортските легенди и амбасадори на „Спортските игри за млади“ испратија охрабрувачки пораки до македонските деца.

Славен Билиќ со ентузијазам најави: „Со огромно задоволство, сакам да ви кажам дека ‘Спортските игри за млади’ оваа пролет доаѓаат и кај вас. Првпат! Затоа, подгответе ги вашите патики, соберете ја екипата и дојдете на терен. Ве очекуваат многу насмевки, нови пријателства и вистинска спортска атмосфера“.

Жељко Обрадовиќ се потсети дека патот до врвот започнува со мали нешта: „Секој првак започнува од малите игралишта. Можеби, токму оваа пролет ќе видиме некоја нова спортска ѕвезда на ‘Плазма спортските игри за млади’“.

Горан Иванишевиќ, повикувајќи на заедништво, порача: „И затоа сакаме да ве видиме сите вас на теренот. Оваа пролет играме заедно“.

Оваа иницијатива нуди уникатен простор каде што децата и младите, без разлика на своето спортско искуство, можат да се натпреваруваат, да се дружат и да учат за вредностите на спортот, и сето тоа бесплатно.

Натпреварите се организирани според професионални стандарди и опфаќаат 10 спортски дисциплини: мал фудбал, одбојка, одбојка на песок, ракомет, кошарка 3х3, тенис, пинг-понг, шах, атлетика (трки на 60 метри), граничар.

Активностите во Македонија ќе се реализираат во текот на април, мај и јуни 2026 година. Предвидени се 18 спортски дена во различни општини, со активно учество на училиштата, локалните заедници и со поддршка од националните спортски федерации. Очекувањата се дека над илјада деца од целата држава ќе учествуваат на овие настани.

Најдобрите поединци и екипи на државните натпревари ќе добијат шанса да патуваат на меѓународната завршница, која традиционално се одржува во Сплит, Хрватска. Таму ќе имаат можност да се натпреваруваат и да се дружат со своите врсници од другите земји учеснички.

Повеќе
Пирова победа на Барселона, Атлетико и ПСЖ во полуфиналето на Лигата на шампиони
Мбапе се врати на тренинзите со Реал
Почина Душко Вујошевиќ, еден од најголемите кошаркарски тренери во регионот
Лига на шампиони: Реал го пречекува Баерн, Арсенал против Спортинг во Лисабон
Чеферин: Ако стадионите не бидат подготвени, нема да има ЕУРО во Италија
Пласманот на Босна и Херцеговина на Светското првенство 2026 се славеше и во Скопје
Познати сите 48 учесници на Светското фудбалско првенство
Македонските фудбалери поразени во Данска, Косово и БиХ остануваат во игра за пласман на Мундијалот
Иран им забрани на своите спортисти да патуваат во „непријателски земји“
Туркије на чекор до пласман на Мундијалот по победата против Романија
Седлоски: Имаме што да покажеме против силната Данска
Салах во јуни го напушта Ливерпул
Чешка: Десетици уапсени за местење фудбалски натпревари и корупција
Инфантино: Фудбалот е клучен во промовирањето на мирот, Мундијалот да се одржи според распоредот
Дебакл на Њукасл во Барселона, Галатасарај остана без четвртфинале во Лигата на шампионите
Реал, ПСЖ, Арсенал и Спортинг првите четвртфиналисти во Лигата на шампионите
Иран преговора со ФИФА натпреварите од Мундијалот да ги игра во Мексико наместо во САД
ФИФА ги разгледува опциите откако Иран најави повлекување од Светското првенство
Иран нема да учествува на светското првенство во фудбал чии ко-домаќини се САД
Продолжува Лигата на шампионите- ПСЖ го пречекува Челзи, Реал Мадрид против Сити во осминафиналето