СПОРТ
1 мин читање
Масар Омерагиќ именуван за член на Олимпискиот комитет на ФИФА
„Именувањето на претседателот на ФФМ, Омерагиќ и првиот оперативец во „Куќа на фудбалот“, Јандреоски претставува признание за македонскиот фудбал и за ФФМ, потврдувајќи го угледот на земјата во рамки на ФИФА“, соопшти ФФМ.
Масар Омерагиќ именуван за член на Олимпискиот комитет на ФИФА
Масар Омерагиќ именуван за член на Олимпискиот комитет на ФИФА
28 октомври 2025

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, е именуван за член на Олимпискиот фудбалски комитет на Меѓународната фудбалска феерација (ФИФА).

Комитетот, кој работи под покровителство на Советот на ФИФА, има задача да го унапредува и координира развојот на фудбалот во рамки на Олимписките игри и да соработува со Меѓународниот олимписки комитет во сите прашања поврзани со олимпискиот фудбал.

Паралелно со ова, генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски, е именуван за член на Комисијата за медиуми и комуникации на ФИФА, која има за цел да ги развива и унапредува стратешките насоки на светската фудбалска федерација во областа на медиумите, дигиталната комуникација и односите со јавноста.

„Именувањето на претседателот на ФФМ, Омерагиќ и првиот оперативец во „Куќа на фудбалот“, Јандреоски претставува признание за македонскиот фудбал и за ФФМ, потврдувајќи го угледот на земјата во рамки на ФИФА“, соопшти попладнево ФФМ. 


Повеќе
НБА кошаркари и тренер уапсени во акција на ФБИ против нелегално коцкање
180 навивачи на Наполи протерани од холандски град пред Лигата на шампионите
Турската нуркачка Шахика Ерџумен ѝ го посвети на Газа новиот светски рекорд во нуркање
Протести против Израел и судири со полицијата во Удине пред фудбалскиот натпревар со Израел
САД со проект од 500 милиони долари ќе ги штити од дронови стадионите на Мундијалот во 2026 година
Милевски: Ќе сториме се за да ја оствариме нашата цел
Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер милијардер
Јувентус одби 66 милиони евра за Јилдиз
Лига на шампиони: ПСЖ со гол во 90. минута ја победи Барселона
Лига на шампиони: Галатасарај го победи Ливерпул во Истанбул
ФИФА ја казни Србија со 85 000 евра и 20 проценти помалку гледачи на натпреварот против Албанија
Претседателот на Турската фудбалска федерација бара суспензија на Израел од сите спортски натпревари
Инфантино: Плачам кога гледам мајки како плачат, во Газа, Украина, Судан, Либија
Усман Дембеле ја освои  Златната топка
ЛШ: Сити со фубалер повеќе го победи Наполи, Барселона славеше во Њукасл
Лига на шампиони: Ливерпул го победи Атлетико во судиското продолжение