Баерн и Арсенал последните полуфиналисти во Лигата на шампионите
Тимот од Минхен по вторпат го победи Реал, вечерва со пресврт славеше со 4:3, а Арсенал одигра 0:0 против Спортиг Лисабон и благодарение на минималната победа на првиот меч обезбеди пласлан во полуфиналето на ЛШ
Фудбалерите на Баерн Минхен со два гола во финишот и по вторпат го победија Реал Мадрид, овој пат на домашен терен со 4:3, резултат кој по победата од 1:2 на гостински терен го однесе баварскиот гигант во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Реал дојде во предност со голот на Арда Ѓулер во 1. минута, по една почетничка грешка на Мануел Нојер. Павловиќ брзо израмни со гол по изведен корнер во 6. минута, но Арда Ѓулер со фудбалска мајсторија од слободен удар ги доведе гостите до 1:2 во 29. минута. Хари Кејн повторно ги врати насмевките кај домашните со голот во 38. минута за 2:2. Во завршницата Мбапе стрелаше во 42. минута за 2:3.
Во вториот дел падна темпото на игра. Баерн почна поенергично да напаѓа во последните 20 минути, но клучниот момент беше вториот жолт картон кој го заработи резервистот Камавинга во 86. минута.
Само две минути подоцна, одбраната на Реал како да застана, а со еден прецизен шут од далечина Луис Диаз донесе израмнување вредно полуфинале. Мајкл Олисе со голот во 94. минута само го потврди местото на Баерн во полуфиналната фаза.
Во полуфиналето Баерн за противник ќе го има актуелниот европски шампион Париз Сен Жермен. Првиот натпревар ќе се игра во Париз на 28 април, а реваншот во Минхен на 6 мај.
Фудбалерите на Арсенал се четвртиот патник во полуфиналето на Лигата на шампионите. Лондончани вечерва на домашен терен одиграа 0:0 против екипата на Спортиг Лисабон и благодарение на минималната победа на првиот меч обезбедија пласлан во полуфиналето.
За „топчиите“ ова е второ последователно полуфинале, затоа што и минатата сезона стигнаа до оваа фаза и тоа по долга пауза поголема од 15 години.
Лани во полуфиналето беа елиминирани од европскиот шампион ПСЖ.
Арсенал за место во големото финале ќе се бори со шпанскиот Атлетико Мадрид. Првите полуфинални натпревари, ќе се играат во Мадрид и Париз, на 29 април, а реваншот на 5 мај.