Разговор Фидан – Рубио за Украина, Газа и Сирија
Размената на мислења меѓу Фидан и Рубио дојде по вторта рунда разговори меѓу Русија и Украина вчера во Истанбул.
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан според дипломатски извори денеска телефонски разговараше со американскиот државен секретар Марко Рубио за мировните напори во Украина.
Двајцата разговараа за војната меѓу Русија и Украина, вклучувајќи ги и резултатите од мировните преговори меѓу двете страни вчера во Истанбул.
Тие, исто така, разменија мислења за неодамнешните случувања во Сирија и Газа, соопштија изворите.
Истанбул беше домаќин на втората рунда разговори меѓу Русија и Украина вчера. Првата се одржа на 16 мај. Овој пат, двете страни се согласија да разменат повеќе воени заробеници - фокусирајќи се на најмладите и најтешко повредените - и да ги вратат телата на 6.000 мртви војници од секоја страна.