Според пресметките, дел од ракетата Фалкон 9 на СпејсX удрила во Месечината, иако научниците ќе можат да ја потврдат веста дури откако ќе пристигнат сликите од телескопот.
Ракетата беше лансирана на почетокот на минатата година и не беше планирана мисија, туку ненамерен удар, откако заврши на курс на судир со Месечината поради гравитациски влијанија.
Според експертите, горниот дел на ракетата Фалкон 9, лансирана од Спејс X во јануари 2025 година, тежи околу 4 тони, голем е колку школски автобус и се проценува дека создал кратер широк околу 30 метри.
„Учиме многу за Месечината. Имено, разни тела постојано се уриваат во неа. Вселената е доста зафатена и астероидите се судираат со други тела. Ова е единствена можност да се направи еден вид контролиран експеримент бидејќи ретко ги знаеме точните димензии на такво тело, неговата брзина и точната локација на ударот. На овој начин можеме да ја проучиме состојбата на Месечината пред и по ударот“, рече д-р Мет Ботвел, астроном на Универзитетот во Кембриџ.























