| Macedonian
ПОЛИТИКА
3 мин читање
Трамп: Сериозно размислувам за повлекување на САД од НАТО
НАТО никогаш не ме убеди, секогаш знаев дека тие се тигар на хартија, а и Путин го знае тоа, Украина не беше наш проблем, тоа беше тест и ние бевме со нив и секогаш ќе бидеме со нив, но тие не беа со нас, рече Трамп
Трамп: Сериозно размислувам за повлекување на САД од НАТО
Трамп додаде дека повлекувањето на САД од одбранбениот сојуз сега е повеќе од само размислување / Reuters
пред 18 часа

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека сериозно размислува за повлекување на Соединетите Американски Држави од НАТО, откако Алијансата не се придружи на неговата војна против Иран.

Трамп го нарече НАТО „хартиен тигар“ во интервју за Телеграф, додавајќи дека повлекувањето на САД од тој одбранбен сојуз сега е повеќе од само размислување.

Според весникот, тоа е најсилниот сигнал досега дека Белата куќа повеќе не ја гледа Европа како сигурен одбранбен партнер, откако сојузниците го отфрлија барањето на Трамп да испрати воени бродови за повторно отворање на Ормускиот теснец.

На прашањето дали би го преиспитал членството на САД во алијансата по конфликтот, Трамп рече дека тоа веќе ја преминало фазата на разгледување.

„НАТО никогаш не ме убеди. Секогаш знаев дека тие се тигар на хартија, а и рускиот претседател Владимир Путин го знае тоа“, рече тој.

Сојузниците на НАТО не беа подготвени да помогнат во повторното отворање на Ормускиот теснец, низ кој минуваат околу 20 проценти од светската нафта, а кој Техеран практично го блокираше со недели, што доведе до нагло зголемување на цените на нафтата и гасот и закана од глобална рецесија, забележува весникот.

„Не само што не беа таму, туку беше тешко да се поверува во тоа. Не вршев многу притисок. Само реков „хеј“, не инсистирав премногу. Мислам дека треба да биде автоматски“, рече Трамп.

Тој додаде дека САД секогаш биле автоматски присутни кога станува збор за Украина.

„Украина не беше наш проблем. Тоа беше тест и ние бевме со нив и секогаш ќе бидеме со нив. Тие не беа со нас“, рече Трамп.

Издвојувајќи ја Велика Британија, американскиот претседател го критикуваше британскиот премиер Кир Стармер за одбивањето да се вклучи во американско-израелската војна против Иран, сугерирајќи дека британската морнарица не е дорасната за задачата.

„Немате ни морнарица. Премногу сте стари и имате носачи на авиони кои не работат“, рече тој, алудирајќи на состојбата на британската флота.

Кога го прашаа дали британскиот премиер треба да ги зголеми трошоците за одбрана, Трамп одговори дека нема да му каже што да прави.

„Може да прави што сака. Дури и не е важно. Стармер сака само скапи ветерници кои ги креваат цените на енергијата на небото“, нагласи тој.

Белата куќа е сè повеќе незадоволна од своите долгорочни партнери поради нивниот став за војната, објави весникот.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, го обвини НАТО дека е „еднонасочна улица“, критикувајќи ги сојузниците што не дозволуваат користење на нивните воени бази.

Зборувајќи за Фокс њуз кратко пред интервјуто на Трамп, Рубио рече дека САД ќе мора да го „преиспитаат“ своето членство во НАТО откако ќе заврши војната во Иран.

„Мислам дека нема сомнение дека, за жал, по овој конфликт, ќе мора да го преиспитаме тој однос. Ако НАТО се сведе на тоа ние да ја браниме Европа кога е нападната, а тие ни го одземат пристапот до базите кога ни се потребни, тоа не е добар договор. Тешко е да се остане во таков однос“, рече Рубио.

Повеќе
Зеленски: Русија бара повлекување на Украина од Донбас во рок од два месеци
Хамнеи: Иран ветува континуирана поддршка на Хезболах во борбата против САД и Израел
Хутите тврдат дека извршиле ракетен напад врз Израел заедно со Иран и Хезболах
Аракчи: Разменети се некои пораки меѓу Иран и САД, но тоа не значи дека преговараме
Папата Лав го повика Трамп да бара „излез од војната“ додека ескалира војната меѓу Иран
Шрапнели од соборен дрон усмртија едно лице во ОАЕ
Tуркије го осуди израелскиот закон за смртна казна насочен кон Палестинците како незаконски
Рубио: САД би можела да го преиспитаат односот со НАТО по војната со Иран
Руски воен авион се урна на Крим, загинале 29 лица
ОН остро го осудија израелскиот закон кој предвидува смртна казна за Палестинците
Лавров: САД и Израел се обидуваат да спречат нормализација на односите на Иран со соседите
Пезешкијан: Интервенцијата во војната ќе има сериозни последици
Стармер и Ал-Шара разговараа за потребата за повторно отворање на Ормускиот теснец
Иран: Најмалку 249 жени и 216 деца убиени во американско-израелските напади
Ердоган: Туркије ја засилува безбедноста на податоците додека војните ги зголемуваат кибер ризиците