Кремљ: Гренланд го сметаме за дел од Данска
Гренланд го привлече интересот на САД поради неговата стратешка локација и минерални ресурси, како и загриженоста поради зголемената руска и кинеска активност
Официјална Москва го признава правниот статус на Гренланд како дел од Данска, опишувајќи ја неодамнешната ситуација на островот како „многу контроверзна“.
„Тргнуваме од разбирањето дека Гренланд е територија на Кралството Данска“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков и додаде дека Москва ја следи ситуацијата околу островот.
Тој истакна дека и Данска и Гренланд дале изјави во кои негираат каква било намера за продажба на територијата на некого, а истовремено потврдија дека слушнале и изјави од Вашингтон за тоа дека САД формулираат „монетарна понуда за стекнување на Гренланд во една или друга форма“.
Песков, исто така, ја опиша ситуацијата околу Гренланд како „невообичаена“ или дури „вонредна, од перспектива на меѓународното право“.
Гренланд го привлече интересот на САД поради неговата стратешка локација и минерални ресурси, како и загриженоста поради зголемената руска и кинеска активност. Аериканскиот претседател Доналд Трамп постојано ветува дека ќе го стекне островот, и одби да ја исклучи можноста за употреба на воени средства.
Данска и Гренланд ги отфрлија предлозите за продажба на територијата, потврдувајќи го данскиот суверенитет над островот.
Руското МНР соопшти дека ќе продолжи да ги зајакнува своите одбранбени капацитети на Арктикот како одговор на заканите поврзани со ситуацијата околу Гренланд, додавајќи дека ги смета споменувањата на „руската и кинеската активност“ околу островот како причина за сегашните ескалации за „неприфатливи“.