Фудбалската репрезентација на Шпанија ја доби битката со Португалија славејќи со 1:0 во Далас и се пласира во 1/4 финалето на Светското првенство каде за ривал ќе го добие подобриот од дуелот САД- Белгија.
Првата шанса ја имаше Ојарзабал, кој на стартот излезе сам пред голот на Португалија, но бише покрај стативата.
На другата страна Роналдо во два наврати се закани, а во 16.минута Јамал и Баена во една иста акција одлично шутираа, но Диого Кошта фантастично одбрани.
Во 30.минута Шпанија повторно имаше зицер, сега Олмо, но немаше гол. Со шаснсите се заврши во 40.минута кога Нуњо Мендеш ја погоди пречката на Унаи Симон.
Во продолжението и двете репрезентации не сакаа да ризикуваат, Шпанија напаѓаше ама тоа беше контролирано, се со цел да не му се дозволи на поротивникот од контри да го загрози голот.
Во 55.минута проблем за Португалците, Нуњо Мендеш кој дотогаш одигра одлична одбрана на Јамал, се повреди и мораше да го напушти теренот.
Шпанците после 70-75 минута тргна поофанзивно, ама Бруно Фернандеш можеше да ги казни, но неговиот удар заврши во надворешниот дел од мрежата на Диого Кошта. Сепак “Фуријата“ продолжи со нападите, а Португалците грчевито се бранеа.
И конечно во 90+1.минута Феран Торес прекрасно асистира до Мерино, кој рутински ја заврши работата за 1:0, за водство на Шпанија и за победа.





















