| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Раст и на извозот и на увозот во периодот јануари - ноември 2025 година
Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично,за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи
Раст и на извозот и на увозот во периодот јануари - ноември 2025 година
Раст и на извозот и на увозот во периодот јануари - ноември 2025 година / AA

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2025 година, изнесува 7 395.6 милиони евра и бележи раст од 2.5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, пак, 10 509.9 милиони евра, што е за 3.8 % повеќе во споредба со 2024 година, објави Државниот завод за статистика.

Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за пренос на лица.

Во периодот јануари – ноември 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 47.7 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 59.3 % во вкупната размена.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Сирија и Израел одржуваат разговори со посредство на САД во Јордан за да се постигне деескалација
Израел продолжува да убива Палестинци во Газа и покрај договорот за прекин на огнот
САД прогласија „економски ден Д“ против Иран, додека притисокот се интензивира
Албанезе повикува на „меѓународно присуство за заштита“ низ окупираната Палестина
Унал Устел: Жалбата на кипарските Грци во ОН за гасоводот со Туркије е контрадикторна
САД воведоа нови царини за Канада, Отава ќе возврати
Ко-лидерката на АфД повика Германија да ги напушти еврото и Шенген
Зеленски: Крајот на 2026 и летото 2027 се реален период за мировен договор за Украина
Иран: Американската „економска војна“ е повторливото сценарио со кое знаеме да се соочиме
Земјите од ЕУ испратија хеликоптери и тимови за помош на Србија во гаснењето на пожарите
ТикТок ќе плати 400 милиони долари поради прекршување на приватноста на деца
Ископувањата во античкиот град Родијаполис во јужна Туркије продолжуваат
Иран ги критикува новите санкции на САД како „економски тероризам“
Ткаат за традицијата, заработуваат за семејството: Жените од Газиантеп го чуваат старото мајсторство
Од патарина за пет месеци инкасирани над 31 милион евра