| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Убиени тројца Палестинци во новите израелски напади во Газа
Петнаесетгодишно момче било убиено од израелски оган во областа Џура Ал-Лут, јужно од градот Кан Јунис во јужна Газа, од каде што армијата се повлече според договорот за прекин на огнот
Убиени тројца Палестинци во новите израелски напади во Газа
Израелските сили убиле и рибар покрај брегот на Кан Јунис / AA

Израелската армија убила тројца Палестинци во неделата и извршила серија воздушни напади низ различни делови од Газа.

Еден Палестинец бил убиен откако израелски дрон отворил оган во област од која армијата се повлекла според договорот за прекин на огнот, северозападно од градот Рафах во јужна Газа, изјави медицински извор за Анадолија.

Израелската армија убила и еден рибар, изјави друг медицински извор.

Според локални извори, израелските поморски сили испукале истрели покрај бреговите на Кан Јунис и Рафах во јужна Газа порано во неделата.

Во северозападното предградие на Рафха друг Палестинец бил застрелан во главата од страна на израелските сили, изјави медицински извор опишувајќи ја неговата состојба како „критична“.

Локални извори изјавија дека областа каде што бил повреден Палестинецот е меѓу оние од кои израелската армија се повлекла според договорот за прекин на огнот.

Петнаесетгодишно момче било убиено од израелски оган во областа Џура Ал-Лут, јужно од градот Кан Јунис во јужна Газа, од каде што армијата се повлече според договорот, изјави медицински извор за Анадолија.

Друг Палестинец добил прострелна рана во бутот откако израелската морнарица отворила оган покрај брегот на Деир ал Балах во централна Газа.

Израелски борбени авиони, исто така, извршиле серија воздушни напади врз различни области северно и западно од Рафах.

Во меѓувреме, израелската армија изврши уривање на станбени згради во источен Кан Јунис, придружено со артилериско гранатирање на областите што се под нејзина контрола според договорот.

Одделно, израелски воени авиони започнаа серија воздушни напади врз различни области во северна Газа и источно од градот Газа.

Во централна Газа, израелски воени возила отвориле неселективен оган кон источните области на бегалскиот камп Буреиџ.

Откако стапи во сила договорот за прекин на огнот на 10 октомври, израелската армија изврши стотици прекршувања, при што загинаа 420 Палестинци, а други 1.184 беа ранети, според Министерството за здравство.

Прекинот на огнот го запре двегодишниот геноцид на Израел во кој загинаа речиси 71.400 Палестинци, повеќето од нив жени и деца, беа повредени повеќе од 171.200 други, а енклавата беше претворена во урнатини.

Но и покрај договорот за прекин на огнот, смртоносните напади на Израел врз Газа продолжуваат.

Повеќе
Фидан: Oдржувањето на Ормускиот Теснец отворен е од витално значење за глобалната трговија
Европскиот парламент конечно ги изгласа пакетот за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД
Турска болница ја изврши првата во светот осумкратна вкрстена трансплантација на црн дроб
Самитот на лидерите на Г7 започна во Франција, светските лидери дискутираат за глобални прашања
Техеран: Крајот на војната во Либан е предуслов за завршување на војната со Иран
Аеродромот во Анкара е отворен во турскиот главен град пред самитот на НАТО
Израелскиот радикален десничар и министер Бен Гвир не отпатува во САД поради проблеми со визата
Иран ќе формира одбор за тргување со рубља, додека шефот на централната банка ја посетува Москва
Калас: ЕУ ја нагласува важноста Либан да биде опфатен со мировниот договор САД-Иран
Венс: Нуклеарните инспектори ќе влезат во Иран по финалниот договор
Остатоци од дрон предизвикаа пожар во руско нафтено складиште
Такаичи на Г7 предложи заедничко складирање на ретките минерали
Осум загинати при пад на американски Б-52 бомбардер во Калифорнија
Опожарени возила со дипломатски статус близу бугарската амбасада во Скопје, Владата го осуди чинот
Аун: Договорот САД-Иран ја признава важноста на Либан за регионот