| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Полицијата во Палма де Мајорка со гумени куршуми ги растури протестите против масовниот туризам
Според проценките, околу 25.000 демонстранти учествувале во протестот, а конфликтот се случи кога полицијата поставила бариери за да ја пренасочи планираната рута на протестниот марш, која демонстрантите ја прескокнале
Полицијата во Палма де Мајорка со гумени куршуми ги растури протестите против масовниот туризам
Во судирот во кој полицијата прво употребила палки, а протестантите кон нив фрлале шишиња, се повредени седуммина

Полицијата во Палма де Мајорка вчера пукаше со гумени куршуми кон учесниците на протестите против масовниот туризам на тој шпански остров, кои се судрија со полицајците при што седум лица биле повредени, од кои двајца потешко.

Според проценките, околу 25.000 демонстранти учествуваа во протестот, а конфликтот се случи кога полицијата постави бариери за да ја пренасочи планираната рута на протестниот марш, која учесниците на протестот ја прескокнале.

Откако полицајците удриле неколку демонстранти со палки, некои демонстранти фрлиле шишиња кон полицајците, кои одговориле со испукување гумени куршуми.

Демонстрантите извикуваа дека Палма де Мајорка „ги достигна своите граници“ и се заканија дека ќе го затворат туристичкото место.

Некои од демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Спасете ја Мајорка“, „Туристи, одете си дома“, „Туризам = уништување“ и „Помалку туризам, повеќе живот“.

Демонстрантите побараа крај на масовниот туризам на островот, велејќи дека туристите го намалиле квалитетот на животот на жителите на Мајорка.

Организаторите им рекоа на новинарите дека сакаат да ги презентираат своите ставови, особено пред да се одржат регионалните избори на Балеарските Острови за една година.

Датумот на протестот е намерно избран за да се совпадне со врвот на летната сезона. Крајот на јули и почетокот на август се сметаат за недели со најголем број туристи на тој остров од Балеарскиот архипелаг.

Нивното главно барање е ограничување на бројот на посетители. Растечкиот број туристи и сместувачки единици доведе до сериозен недостиг на домување. Организаторите на протестот се жалат дека многу луѓе со просечни приходи едвај можат да си дозволат стан на островот.

Ова е трето лето во кое има големи протести против туристите во Палма де Мајорка, а на претходните демонстрации туристите беа прскани со водни пиштоли.

Повеќе
ОАЕ го осудуваат палењето на две џамии на Западниот Брег од страна на израелските окупатори
Пет алпинисти од Босна и Херцеговина загинаа на Елбрус
Јемен следното бојно поле во конфликтот меѓу САД и Иран?
Садик Ахмет и бескрајниот отпор на Турците од Западна Тракија
Што е Планината Пикакс, место кое Трамп се закани дека ќе го нападне?
Источното крило на Европа се насочува кон Туркије во услови на нови безбедносни реалности
Борба за моќ во Иран: Дали тврдокорните ја блокираат дипломатијата со САД?
Зулфиќар Зејнула избран за нов министер без ресор
Трамп: Би било многу лошо за Кина и Русија ако обезбедуваат оружје за Иран
Медиуми: Нетанјаху следната недела во САД на средба со Трамп
Средба на Фидан со претставничката на Гутереш за Кипар
Почесниот конзулат на Летонија во Славјанск оштетен при руски напад
Ердоган: Организирањето на Самитот на НАТО во Анкара  е извор на голема гордост и среќа
Израел ќе спроведе голема воена офанзива на делови од окупираниот Западен Брег
Седницата за гласање недоверба на Владата на Србија е закажана за понеделник