| Macedonian
ТУРКИЈЕ
2 мин читање
Туркије извезе 80 милиони цвеќиња во 35 земји по повод Меѓународниот ден на жената
Извозот на турските свежи цвеќиња порасна за 15 отсто, при што Холандија и Велика Британија се најголеми увозници оваа година
Туркије извезе 80 милиони цвеќиња во 35 земји по повод Меѓународниот ден на жената
Особено значаен е фактот дека жените сочинуваат неверојатни 80 отсто од работната сила во цветниот сектор / AA

Туркије извезе околу 80 милиони цвеќиња во 35 земји, главно, во Холандија и Велика Британија, по повод 8 Март - Меѓународниот ден на жената.

Во стаклениците во југозападниот турски град Анталија владее вистински метеж поради интензивното производство на свежи цвеќиња за оваа пригода.

Свежите цветови, меѓу кои доминираат каранфилите и зумбулите, често се сечат со стеблото и листот и внимателно се пакуваат во магацините во Анталија пред да бидат пратени низ светот.

Исмаил Јилмаз, претседател на Здружението на извозници на украсни растенија и производи, за Анадолу изјави дека испораките за Меѓународниот ден на жената се ближат кон крајот, а во стаклениците се подготвуваат последните нарачки.

Јилмаз изјави дека турскиот сектор за режани цвеќиња оваа година е поактивен во споредба со минатата година, со зголемување на нарачките за 15 проценти.

„Минатата година за Меѓународниот ден на жената извезовме цвеќиња во вредност од 9 милиони долари, но годинава природата и трудот нè наградија со промет од речиси 12 милиони долари“, вели Јилмаз.

Според него, Холандија останува најзначаен пазар за Туркије, а потоа е Велика Британија. Турските цветови го наоѓаат својот пат и низ воените виори, стигнувајќи дури до Украина и Русија, а потоа и Германија, Романија и Бугарија.

Јилмаз додаде дека европскиот пазар оваа година најмногу барал цветови во пастелни бои, иако имало и значителни нарачки за црвени и бели.

Секторот за одгледување цвеќиња во Туркије опфаќа површина од околу 15.000 хектари и обезбедува приход за 100.000 работници директно и 300.000 работници индиректно.

Особено значаен е фактот дека жените сочинуваат неверојатни 80 отсто од работната сила во цветниот сектор.

Повеќе
Туркије презема мерки за заштита на децата под 15 години од социјалните медиуми
Зеленски: Украина ќе почне да извезува вишок оружје
Сенатот го блокираше обидот за спречување на евентуална воена акција на Трамп против Куба
Ултраортодоксни демонстранти упаднаа во домот на началникот на воената полиција во јужен Израел
Еден Палестинец убиен во израелска воена рација на Западниот Брег
Израел уби осум лица во јужен Либан, меѓу нив и болничари
Косово пред нови парламентарни избори откако не се избра претседател на државата
Трамп наложил продолжување на поморската блокада на Иран
Курти: НАТО е стратешка ориентација за Косово
Трамп: Американците немаат поблиски пријатели од Британците
Хакан Фидан на самитот на Иницијативата за три мориња во Дубровник
Обединетите Арапски Емирати ги напуштија ОПЕК и ОПЕК+
Карис: Европа мора да биде подготвена за сѐ во украинската војна
Туркије ќе го извезува домашниот авион за обука „Хурџет“ во Шпанија
Хрватска и БиХ потпишаа договор за гасоводот Јужна интерконекција