| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
ММФ: Половина од светот ги зголеми воените буџети
Во периодот од 2020 до 2024 година, речиси половина од државите ги зголемиле воените буџети, додека приближно 40 проценти издвојуваат повеќе од два отсто од БДП за одбрана, наспроти 27 проценти во 2018 година.
ММФ: Половина од светот ги зголеми воените буџети
ММФ: Половина од светот ги зголеми воените буџети, но економските ефекти се краткотрајни / AA
9 април 2026

Речиси половина од земјите во светот ги зголемиле воените буџети во последните години, но таквите трошоци немаат цврста основа за долгорочен економски раст, се наведува во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд.

Според анализата, зголемувањето на воените расходи може краткорочно да ја поттикне приватната потрошувачка и инвестициите и да донесе умерен раст на среден рок, главно поради акумулација на капитал и повисока продуктивност.

Сепак, како што се наведува „овие ефекти се ограничени и по почетниот раст следува забавување, додека на долг рок се појавуваат сериозни макроекономски предизвици, како што се раст на буџетските дефицити и инфлацијата, што го поткопува економскиот раст.“

ММФ анализирал податоци од 164 земји од крајот на Втората светска војна, при што утврдил дека земјите во развој бележат најголемо зголемување на воените трошоци, но позитивните ефекти траат во просек околу две и пол години.

По тој период, во преден план излегуваат проблеми како „прегревање“ на економијата, кои владите и централните банки тешко ги контролираат.

Дополнително, во периодот од 2020 до 2024 година, речиси половина од државите ги зголемиле воените буџети, додека приближно 40 проценти издвојуваат повеќе од два отсто од БДП за одбрана, наспроти 27 проценти во 2018 година.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Еден теснец, глобално влијание: Зошто Ормускиот теснец е толку критичен за светот?
Координирана кампања на Грција за потиснување на турското малцинство во Западна Тракија
Трамп: Израел повеќе нема да го бомбардира Либан, САД го забранија тоа
Ердоган: Да не дозволиме зборовите да бидат заменети со оружје или преговорите со крвав конфликт
Иран го отвори Ормускиот теснец за сите бродови
Кац: Примирјето со Хезболах е привремено, мисиите во Либан ќе бидат завршени
Песков: Директното учество на ЕУ во конфликтот со Украина се зголемува, тоа ќе има последици
Стармет бесен бидејќи скандалот „Менделсон-Епштајн“ се продлабочува
Ал Шара: Сирија бара договор што ќе го гарантира повлекувањето на Израел до границите од 1974 година
Палестинската министерка за надворешни работи: Геноцидот на Израел врз жителите на Газа не е запрен
Хезболах бара запирање на израелските операции во согласност со договорот за прекин на огнот
Тајани: Кина да ја поттикне Русија да ја заврши војната во Украина
Барак: Сирија е квантен дипломатски потег што никој не го очекуваше
Србија го потврдува патот кон ЕУ и неутралноста на Форумот за дипломатија во Анталија
Сиљановска-Давкова: Балканот отсекогаш бил историски, географски и културно дел од Европа