Американскиот државен секретар Марко Рубио денес изјави дека можно е да има вести „можеби денес“ во однос на преговорите меѓу Иран и САД за ставање крај на војната, јавува Анадолу.
„Работата е сè уште во тек. Мислевме можно е да имаме некои вести синоќа, можеби денес…“, им рече Рубио на новинарите во индискиот главен град Њу Делхи, за време на летот кон индискиот град Агра за да го посети Таџ Махал.
Американскиот шеф на дипломатијата истакна дека има „прилично солидна основа на маса во однос на способноста да се отворат теснеците, и да се влезе во многу реални, значајни, временски ограничени преговори за нуклеарните прашања“.
„Се надеваме дека ќе можеме да го реализираме тоа“, рече тој.
Рубио, кој престојува во четиридневна посета на Индија, рече дека американскиот претседател Доналд Трамп „нема да склучи лош договор“ и дека САД ќе ѝ дадат на „дипломатијата секоја шанса за да успее“.
„Како што рече претседателот (Трамп), тој не брза; нема да склучи лош договор. Мислам, претседателот нема да склучи лош договор. Па, да видиме што ќе се случи. Ќе ѝ ја дадеме на дипломатијата секоја шанса за да успее пред да ја истражиме алтернативата“, рече тој.









