| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Нафтените деривати повторно поскапуваат
Со одлуката на РКЕ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемени во просек за 8,98 проценти во однос на цените што Комисијата ги утврди на  9 март годинава.
Нафтените деривати повторно поскапуваат
Нафтените деривати повторно поскапуваат / Reuters

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од полноќ се зголемени за 7 денари за литар, а „евродизелот“ (Д-Е V) поскапува за 6,5 денари, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата цена на „евросупер БС-95“ изнесува 86,5 денари за литар, 88,5 денари чини „евросупер БС-98“, 92 денара евродизел“ (Д-Е V), а 89,5 денари екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1). 

Се зголемува и цената на „мазутот М-1 НС“ за 4,867 денари и новата цена за килограм изнесува 47,453 денари. 

Со одлуката на РКЕ малопродажните цени на нафтените деривати се зголемени во просек за 8,98 проценти во однос на цените што Комисијата ги утврди на  9 март годинава.

„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 16,964 проценти или за 136,750 $/тон, кај дизелот зголемувањето е во просек за 11,714 проценти или за 117,500 $/тон, кај екстра-лесното масло зголемувањето е во просек за 13,059 проценти или за 123,950 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за приближно 14,591 проценти или за 72,400 $/тон поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период во просек изнесува 53,2915 ден/$ и е за речиси 0,8453 проценти повисок од курсот на доларот (52,8447 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка“, наведува РКЕ во одлуката.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Трамп: Мерц да се фокусира на поправка на пропаднатата земја, да не се меша во стратегијата за Иран
Фидан: Самитот на НАТО во Анкара, историска можност за единство
Вучиќ: Активирањето на новиот суперкомпјутер во Државниот центар за податоци-историски момент
Израел притвори 20 турски државјани на флотилата за помош за Газа
Велика Британија и девет европски земји ќе формираат заеднички поморски сили
Собранието изгласа укинување на техничката влада
Словенија: Изгласани измени на законот за влада, на повидок нова владина коалиција
Пезешкијан: Американската поморска блокада е осудена на пропаст
Србија и Чешка најавија зајакнување на соработката во многу области
Најмалку деветмина загинати во израелски воздушни напади врз Јужен Либан
Епстин пред смртта градел врски на влијание со африканската елита
Зеленски: Ќе разговараме со САД дали предлогот за примирје на Русија е вистински
Командантот на КФОР вели дека Туркије е меѓу главните придонесувачи во мисијата на НАТО на Косово
Трамп повторно го притиска претседателот на Израел да го помилува Нетанјаху
„Регионалниот план за справување со отпад е клучна алатка за решавање на проблемот со отпадот“