| Macedonian
Кина лансираше два сателита напојувани со вештачка интелигенција
Мисијата треба да ги унапреди напорите за користење на вештачка интелигенција и вселенска технологија за поддршка на земјоделството, метеорологијата, истражувањето на минерали и управувањето со катастрофи
Кина лансираше два сателита напојувани со вештачка интелигенција
Кина лансираше два сателита напојувани со вештачка интелигенција

Кинеска ракета лансирана од водите крај источната кинеска покраина Шандонг постави во орбитата два сателити напојувани со вештачка интелигенција. Сателитите за далечинско набљудување со вештачка интелигенција беа лансирани со ракетата „Смарт Драгон-3“.

Мисијата го означи 12-тиот лет на „Смарт Драгон-3“ и вкупно четврто лансирање оваа година. Сателитите, развиени од „Star.ai Spatio-temporal Intelligence Technology Co., Ltd.“, ќе обезбедат интелигентни услуги за далечинско набљудување во Узбекистан и Индонезија.

Според компанијата, сателитите со вештачка интелигенција можат да обработуваат компјутерски задачи директно во вселената, овозможувајќи рано предупредување за катастрофи и донесување одлуки во рок од неколку минути, наместо часовите што обично ги бараат конвенционалните сателити.

Едниот сателит ќе ја следи памучната индустрија во Узбекистан во текот на целиот производствен циклус, додека другиот ќе помогне во заштитата на земјоделското производство во Индонезија преку следење на растот на земјоделските култури и проценка на ризиците од катастрофи, според новинската агенција.

Кина вели дека мисијата ги унапредува своите напори за користење на вештачка интелигенција и вселенска технологија за поддршка на земјоделството, метеорологијата, истражувањето на минерали и управувањето со катастрофи низ целиот Глобален Југ.

Повеќе
Вучиќ најави отворање фабрика за дронови со Израелците во средината на септември
Анкара: Туристичката рамка на Грција нема правни последици за Туркије
Дизни и ТикТок потпишаа глобален договор за споделување содржини за видеа на креаторите
Војна што никогаш не завршува: Палестинците го чекаат денот кога Израел ќе го почитува примирјето
Воскресение на изгубеното турско лале: Како домар повторно ја напиша ботаничката историја
Што се крие зад акцијата на САД за спасување на јапонскиот јен?
Дуран: Договорот од Мека за заедничка одбрана е историски чекор
Шпанија ѝ постави ултиматум на Италија да ги укине на граничните контроли поради Сеута
Трамп инсистира дека Иран сака нуклеарен договор со САД: Тие не сакаат да бидат погодени
Израелски министри бараат обновување на офанзивата во Газа и отфрлање на планот на Трамп за примирје
Нападот врз еден е напад врз сите, велат Туркије, Саудиска Арабија и Пакистан во одбранбениот пакт
Турската компанија „Аселсан“ тестира муниција за разбивање бункери „Толун-П“ со дрон „Акинџи“
Научници за првпат употребија вештачка интелигенција за создавање нови вируси
ЕУ започна со спроведување на проектот ИРИС 2 со речиси 350 сателити
Австралиската Викторија воведе карантин за живина поради зголемени случаи на птичји грип H5N1