| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Финска и Шведска бараат построги санкции за Русија дури и ако има примирје
Финска и Шведска предложиле зголемување на царинските давачки за сите производи и услуги увезени од Русија, како и воведување нови ограничувања на извозот, вклучително и за луксузни предмети
Финска и Шведска бараат построги санкции за Русија дури и ако има примирје
Финска и Шведска бараат построги санкции за Русија дури и ако има примирје / Reuters

Финска и Шведска предложија нови и построги економски санкции против Русија, вклучително и поопсежни давачки за увоз и ограничувања на извозот.

Финскиот јавен радиодифузен сервис ИЛЕ објави дека предлозите биле изнесени од министрите за надворешни работи на двете земји за време на заедничкото присуство на безбедносната конференција вчера во Шведска.

„Сметаме дека руската закана е долгорочна. Тоа значи дека треба да продолжиме со притисокот без оглед на евентуалниот прекин на огнот или мировен договор“, изјави финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен.

Финска и Шведска предложиле зголемување на царинските давачки за сите производи и услуги увезени од Русија, како и воведување нови ограничувања на извозот, вклучително и за луксузни предмети.

Шведската министерка за надворешни работи, Марија Малмер Стенергард, рече дека капацитетот на Русија да ја продолжи војната во Украина во голема мера зависи од нејзините приходи од енергија.

„Затоа предлагаме целосна забрана за бродови што транспортираат нафта, гас или јаглен од руските пристаништа до пристаништата на ЕУ“, рече таа.

Според Стенергард, забраната на ЕУ за увоз на ѓубрива од Русија би можела да предизвика „загуба од 1,4 милијарди евра“ во руската економија и целта е предлозите да се вклучат во следниот пакет санкции на ЕУ.

Двете министерки ја нагласиле потребата ЕУ да ја намали својата зависност од Русија, укажувајќи дека руските ѓубрива би можеле да се заменат преку домашно производство и зголемен увоз од други земји.

Изјавите дојдоа за време на тридневната безбедносна конференција во Шведска, на која присуствуваат политички лидери, експерти и меѓународни учесници за да разговараат за прашања од безбедносната политика.

Повеќе
Такаичи на Г7 предложи заедничко складирање на ретките минерали
Осум загинати при пад на американски Б-52 бомбардер во Калифорнија
Опожарени возила со дипломатски статус близу бугарската амбасада во Скопје, Владата го осуди чинот
Аун: Договорот САД-Иран ја признава важноста на Либан за регионот
Турскиот и иранскиот министер за надворешни работи разговараа за договорот меѓу САД и Иран
Почнува Самитот на Г7 со фокус на Блискиот Исток, Украина и ВИ
Израелски политичари: Договорот САД-Иран е стратешки неуспех за Израел
Шестмина Палестинци убиени во израелски напади, бројот на жртви надмина 73.000
Силен земјотрес со магнитуда од 6,2 степени го погоди јужниот дел на Филипини
Барак: Вашингтон ја цени поддршката на Ердоган за регионална деескалација
Израел не се повлекува од Либан и покрај мировниот договор САД-Иран
Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST
Пакистан го поздрави договорот меѓу САД и Иран
Американските демократи ги поздравуваат разговорите со Иран, но се прашуваат за цената на конфликтот
Двајца воени пилоти на Пакистан загинаа при уривање на авион за обука