Лига на шампиони: Галатасарај го декласираше Јувентус, Реал славеше во Лисабон

За разлика од пред неколку недели кога во лигашкиот дел од ЛШ беше 4:2 за Португалците, овојпат Реал Мадрид ја совлада Бенфика со 1:0, што му дава предност пред реваншот во Мадрид од плејофот за осминафинале во ЛШ

By
Фудбалерите на Галатасарај вечерва го победија Јувентус со 5:2, иако тимот од Торино водеше на полувремето со 1:2 / AA

Фудбалерите на ПСЖ славеа победа од 3:2 на гости против Монако во првиот натпревар од шеснаесминафиналето на Лигата на шампионите, а гостинска победа оствари и Реал, победувајќи ја Бенфика со 1:0 во Лисабон.

Во другите два натпревари домашните екипи беа подобри- Галатасарај го декласираше Јувнтус со 3:2, а Борусија Дортмунд ја победи Атланта со 2:0.

За разлика од пред неколку недели кога во лигашкиот дел од ЛШ беше 4:2 за Португалците, овојпат Реал Мадрид ја совлада Бенфика со 1:0, што му дава предност пред реваншот во Мадрид од плејофот за осминафинале во Лигата на шампионите.

Винисиус во 50-та минута постигна велемајсторски гол, а тогаш почна фрлањето предмети кај него и можеби расистичка навреда од противничкиот играч, Аргентинецот Престијани, па затоа имаше прекин од десетина минути.

Во финишот, црвен картон доби Жозе Мурињо, па некогашниот тренер на Реал, нема да биде на клупата на Бенфика на реваншот во Мадрид. Ова е второ исклучување за Мурињо во ЛШ, првото беше во 2011 кога седеше на клупата на Реал.

Пари Сен Жермен со гостинска победа од 3:2 над Монако, значително се доближи до осминафиналето во Лигата на шампионите.

Актуелниот европски првак беше на маки, губеше 0:2, Витиња промаши пенал, но работите се сменија кога во средина на првото полувреме на местото на Усман Дембеле влезе Дезире Дуе. Дуе даде два гола (првиот и третиот) и беше човек на пресврт.

Задачата на ПСЖ беше олеснета откако израмнија на 2:2 во финишот на првиот дел, а Монако остана со човек помалку на стартот на второто полувреме.

Фудбалерите на Галатасарај вечерва го победија Јувентус со резултат од 5:2 во првиот натпревар за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Јувентус водеше на полувреме со 2:1, но „колапсот“ се случи откако Хуан Кабал беше исклучен во 67-та минута.

Стрелци за Галатасарај беа Габриел Сара во 15-та, Ноа Ланг во 49-та и 75-та, Давинсон Санчез во 60-та и Саша Бој во 86-та минута.

Двата гола за Јувентус ги постигна Теун Копмајнерс, во 16-та и 32-та минута.

Во Дортмунд победникот беше решен по првото полувреме. Борусија брзо поведе против Аталанта со голот на Гираси во 3.минута, а Беиер во 42. минута го постави конечниот резултат.