| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Склучете договор или предадете се, му порача Трамп на Иран
Изјавата на Трамп дојде откако Иран изјави дека нема директни разговори со Вашингтон, како што тој нсистираше дека ќе има кога ја откажа заканата од рунда тешки бомбардирања во текот на викендот, поради, како што рече, апелите од државите од Заливот
Склучете договор или предадете се, му порача Трамп на Иран
Иранското МНР вчера изјави дека единствените разговори што ги води се со Оман за плановите за споделување на контролата врз Ормускиот Tеснец

Американскиот претседател Доналд Трамп остро реагираше откако Иран негираше дека е во преговори со САД, објавувајќи на социјалните мрежи дека американската воена блокада ќе продолжи сè додека не се постигне „Договор или целосно предавање“.

Нарекувајќи го Иран „дволичен“ затоа што „отворено и гордо“ вели дека не преговара, Трамп во понеделник напиша: „Без разлика дали Иран сака да го признае тоа или не, ние, всушност, зборуваме за решение на проблем што тие го предизвикуваат со децении“.

Изјавата на Трамп на платформата Вистина (Truth Social) дојде откако Иран изјави дека нема директни разговори со Вашингтон, како што Трамп инсистираше дека ќе има кога ја откажа заканата од рунда тешки бомбардирања против Иран во текот на викендот, наведувајќи ги, како што рече, апелите од регионалните сили и Техеран.

Иранското министерство за надворешни работи во понеделник изјави дека единствените разговори што ги води се со Оман за да разговараат за плановите за споделување на контролата врз Ормускиот Теснец, витален премин за глобалната трговија со енергија.

Трамп инсистираше дека Иран побарал разговори - „некои би рекле молат - но сега ги кажуваат вообичаените брборења за контрола на Ормуз“.

Теснецот, инсистираше Трамп, „веќе е целосно контролиран од морнарицата на Соединетите Американски Држави и нашата `Блокада или, како што велат некои, „Челичниот ѕид на Соединетите Американски Држави!. Ништо не поминува низ Иран, освен ако ние не го сакаме тоа, и ништо нема да помине, освен ако не се постигне договор или целосно предавање.“

Трамп започна војна, заедно со Израел, против Иран на 28 февруари.

Првичните цели вклучуваа уништување на нуклеарната индустрија на земјата и ракетите. како и поддршка за народно востание против владата.

Повеќе од пет месеци подоцна, Иран сè уште може да испукува ракети и беспилотни летала кон американски и сојузнички цели во регионот и ги задржува своите залихи на збогатен ураниум.

И покрај притисокот од САД, иранските напади врз бродовите во Ормуз сериозно влијаеја на глобалната трговија со енергија, давајќи му на Техеран нова силна карта во ќорсокакот.

Повеќе
Туркије, Катар, Индонезија и Пакистан потпишаа меморандум за одбранбена соработка
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Путин: Првиот танкер со дизел гориво ќе се упати кон САД за два до три дена
Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна во услови на засилено вооружување во Европа
Европската комисија: Нивото на залихите на гас во ЕУ е под историскиот просек
За европратениците и Калас укинувањето на санкциите врз Русија од страна на Трамп е срамно
Кос: Билатералните прашања меѓу Хрватска и Црна Гора не се дел од преговорите, но мора да се решат
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Туркије ќе ги заостри казните за злоупотреба на пазарот и тргување со инсајдерски информации
Франција ги проценува штетите од протестите на стотици милиони евра
Лула бара изборниот суд да ги објави неговите банкарски евиденции
Трамп: Зеленски мора да сака да ја прекине оваа војна, инаку сè ќе заврши многу лошо
Бугарија нема да учествува во новата помош на ЕУ за Украина
НАТО ќе испрати авиони и беспилотни летала во Црното Море по нападите врз бродови