Муцунски: По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше потврда дека имаме пријатели
„Тоа е силен гест на хуманост и солидарност што нашата држава ќе го памети засекогаш“, подвлекува министерот Муцунски.
Муцунски: По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше потврда дека имаме пријатели / Other
По трагедијата во Кочани, помошта од странските земји беше силна потврда дека имаме пријатели ширум светот – пријатели кои ја разбираат нашата болка и сочувствуваат со трагедијата, напиша на својот фејсбук профил министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Тој упати искрена благодарност до сите земји кои дадоа несебична и силна поддршка и за лекувањето на македонските пациенти во странство, но и за третманот на пациентите во нашата земја.
„Тоа е силен гест на хуманост и солидарност што нашата држава ќе го памети засекогаш“, подвлекува министерот Муцунски.