Саудиска Арабија: Соборени над 20 дронови лансирани од Иран
Саудиска Арабија во вторник објави дека од раните утрински часови пресретнала и соборила вкупно 26 дронови во источниот регион, во услови на регионална ескалација.
Саудиска Арабија во вторник објави дека од раните утрински часови пресретнала и соборила вкупно 26 дронови во источниот регион, во услови на регионална ескалација.
Министерство за одбрана на Саудиска Арабија ги потври нападите во серија на објави на платформата Х.
Непријателствата во регионот ескалираа откако Израел и САД започнаа заеднички напади врз Иран на 28 февруари, во кои досега загинаа околу 1.300 луѓе, вклучувајќи го и тогашниот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи.
Иран возврати со напади со дронови и ракети врз Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив кои се домаќини на американски воени средства, предизвикувајќи жртви и штети на инфраструктурата, а воедно и нарушување на глобалните пазари и авијацијата.