| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Мицкоски: Нема уставни измени ако не бидат исполнети најмалку два услова
„Првиот услов е македонската заедница во Бугарија да ги добие гарантираните права во согласност со меѓународното право и меѓународните конвенции и резолуции за човекови права.“
Мицкоски: Нема уставни измени ако не бидат исполнети најмалку два услова
Мицкоски: Нема уставни измени ако не бидат исполнети најмалку два услова / AA
29 јануари 2026

Претседателот на Владата на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, истакна дека нема да има уставни измени ако не бидат исполнети најмалку два услова, без гарантирани права на Македонците во Бугарија и без гаранции дека нема да се соочуваат со блокади од субјективни причини.

Мицкоски го кажа ова на денешната собраниска седница за пратенички прашања.

„Уставни измени нема да има додека јас сум претседател на Владата ако не бидат исполнети минимум два услова. Првиот услов е македонската заедница во Бугарија да ги добие гарантираните права во согласност со меѓународното право и меѓународните конвенции и резолуции за човекови права“, рече тој, продолжувајќи:

„И, второ, додека не добиеме гаранции за нашиот идентитет македонски, дека повеќе нема да има билатерални вета и дека нема веќе никој оваа држава, која многу пати покажала и докажала дека сака да биде дел од европското семејство понела жртва како ниедна држава, како и овој народ и овие граѓани како ниедни други во Европа поднеле жртва, дека нема повторно да имаат нови омаловажувања, понижувања и опструкции од кои било субјективни причини.“

Бугарија во 2020 година стави вето на преговарачката рамка со ЕУ

Во ноември 2020 година Бугарија стави вето на преговарачката рамка на Северна Македонија со Европската Унија, поради спорот околу историјата, јазикот, како и барањата за правата на бугарската заедница во земјата.

Во јули 2022 година Собранието на Северна Македонија ги усвои заклучоците од францускиот предлог, во време кога Франција беше претседавач со Европскиот совет, со што се отвори патот за продолжување на процесот на земјата со ЕУ.

Истата година, со цел надминување на несогласувањата, тогашните министри за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска, на 17 јули во Софија потпишаа билатерален протокол.

Во заклучоците на Советот, меѓу другото, беше предвидено Бугарите да бидат внесени во Уставот на Северна Македонија, по одржувањето на првата меѓувладина конференција и официјалниот почеток на преговорите.

Северна Македонија на 19 јули 2022 година успеа да ги започне пристапните преговори со ЕУ, одржувајќи ја првата меѓувладина конференција, но поради неспроведување на заклучоците, како резултат на недостиг на политичка волја и консензус во земјата, евроинтеграцискиот процес не продолжи понатаму.

Во 2005 година земјата доби статус „земја кандидат“, а по спроведувањето на уставните измени ќе започне со отворање на поглавјата за членство во Европската Унија.

ИЗВОР:AA
Повеќе
Нетанјаху свикал безбедносен состанок со високи функционери
Документи поврзани со Епштајн содржат преписки во кои се споменува францускиот претседател Макрон
Трамп вели дека е можен договор со Куба
Граничниот премин Рафах во Газа отворeн по две години
Лајчак ја напушта советничката функција по објавувањето на преписката со Епстин
Тензиите меѓу САД и Иран: Бурето барут на Блискиот Исток се чини дека повторно ќе експлодира
Насилството во Европа покажува зошто ЈПГ/ПКК ја загрозува социјалната кохезија далеку од Сирија
Нов светски поредок: Како Трамп го препишува правилникот што го изгради Западот
Протест за поддршка на Палестина во Тирана и револт поради посетата на Рама на Израел
За катастрофалниот пожар во Пулс обвинети и 23 полицајци
И превозниците од БиХ и Србија ги прекинаа блокадите на граничните премини
Мицкоски: Крајот на постмониторингот на Советот на Европа е историски момент
Израел повторно ќе го отвори преминот Рафах во Газа откако беше затворен две години
Данска повторно ја отвора Амбасадата во Сирија
Фидан: Туркије е против воена акција против Иран