Турскиот претседател отпатува за Саудиска Арабија

Ердоган е придружуван од првата дама на Туркије, Емине Ердоган, министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за финансии Мехмет Шимшек, министерот за одбрана Јашар Ѓулер и други министри

By
Турскиот претседател отпатува за Саудиска Арабија / AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган утрово отпатува во дводневна посета на Саудиска Арабија и Египет.

Ердоган е придружуван од првата дама на Туркије, Емине Ердоган, министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за финансии Мехмет Шимшек, министерот за одбрана Јашар Ѓулер и други министри.

„Ердоган ќе оствари средба со саудискиот престолонаследник Мухамед бин Селман во Ријад за да разговараат за продлабочување на соработката меѓу Туркије и Саудиска Арабија, како и за регионалните и глобалните случувања“, соопшти вчера директорот за комуникации Бурханетин Дуран.

„Турскиот претседател утре ќе отпатува за Каиро на покана на египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси за да копретседава со вториот состанок на Советот за стратешка соработка на високо ниво меѓу Туркије и Египет“, истакна тој.

„За време на посетата на Египет, се очекува Ердоган и Сиси да разговараат за билатерални прашања и да разменат мислења за регионалните и меѓународните случувања, со посебен фокус на Палестина“, додаде Дуран.

Ердоган, исто така, се планира да присуствува на Бизнис-форумот Туркије - Египет за време на неговата посета на Каиро.