| macedonian
СПОРТ
2 мин читање
Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер милијардер
Португалецот ја преминал магичната линија благодарение на продолжувањето на соработката со Ал Наср, како и профитабилните повеќегодишни договори со компаниите „Најк“ и „Армани“
Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер милијардер
Според проценките на Блумберг, вредноста на имотот на Роналдо е 1,4 милијарди долари
8 октомври 2025

Португалскиот репрезентативец и играч на Ал Наср од Саудиска Арабија, Кристијано Роналдо, е првиот фудбалер кој станал милијардер, објави денес Блумберг.

Според проценките на водечкото американско финансиско списание, вредноста на имотот на Роналдо е 1,4 милијарди долари.

Португалецот ја преминал магичната линија благодарение на продолжувањето на соработката со Ал Наср, како и профитабилните повеќегодишни договори со компаниите „Најк“ и „Армани“.

На крајот на мај, Роналдо (40) го продолжи договорот со Ал Наср до 30 јуни 2027 година за 400 милиони долари.

Иако некои го доведуваа во прашање неговиот натамошен натпреварувачки мотив, трансферот му донесе еден од најголемите договори во историјата на фудбалот и највисока просечна годишна плата на еден спортист.

Саудиските приходи се ослободени од даноци, а договорот, според пишувањата, вклучува удел во клубот и пристап до приватен авион.

Португалскиот фудбалер е член на Ал Наср од 2023 година, а пред тоа играше за Манчестер Јунајтед, Јувентус, Реал и Спортинг.

Богатството на Роналдо е релативно поинакво од она на другите милијардери-спортисти со кои сега се наоѓа во истата класа, бидејќи најголемиот дел од неговата заработка потекнува од плата.

За споредба, најголемиот дел од богатството на Роџер Федерер произлегува од уделот што го стекна во брендот за спортска опрема „Он Холдингс“ (On Holdings AG) како дел од спонзорски договор, покажува индексот на богатство на „Блумберг“.

Легендата на кошарката Мајкл Џордан, пак, заработил помалку од 100 милиони долари во текот на кариерата, при што најголемиот дел од неговото богатство доаѓа од долгогодишниот договор со „Најк“ и уделот во кошаркарскиот клуб „Шарлот Хорнетс“ (Charlotte Hornets) од НБА.

Повеќе
Демонстранти бараат откажување на натпреварот меѓу Дубаи и израелски Хапоел во Сараево
Вељко Пауновиќ е нов селектор на српската фудбалска репрезентација
Масар Омерагиќ именуван за член на Олимпискиот комитет на ФИФА
НБА кошаркари и тренер уапсени во акција на ФБИ против нелегално коцкање
180 навивачи на Наполи протерани од холандски град пред Лигата на шампионите
Турската нуркачка Шахика Ерџумен ѝ го посвети на Газа новиот светски рекорд во нуркање
Протести против Израел и судири со полицијата во Удине пред фудбалскиот натпревар со Израел
САД со проект од 500 милиони долари ќе ги штити од дронови стадионите на Мундијалот во 2026 година
Милевски: Ќе сториме се за да ја оствариме нашата цел
Јувентус одби 66 милиони евра за Јилдиз
Лига на шампиони: ПСЖ со гол во 90. минута ја победи Барселона
Лига на шампиони: Галатасарај го победи Ливерпул во Истанбул
ФИФА ја казни Србија со 85 000 евра и 20 проценти помалку гледачи на натпреварот против Албанија
Инфантино: Плачам кога гледам мајки како плачат, во Газа, Украина, Судан, Либија
Усман Дембеле ја освои  Златната топка
ЛШ: Сити со фубалер повеќе го победи Наполи, Барселона славеше во Њукасл
Лига на шампиони: Ливерпул го победи Атлетико во судиското продолжение
ЛШ: Јувентус со пресврт до реми против Борусија, Реал со два пенала и играч помалку го победи Марсеј
Дуплантис постави нов светски рекорд на СП во Токио
Германија го освои Евробаскетот 2025 во спектакуларно финале против Туркије