| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Софија: Владата на Росен Жељазков поднесе оставка пред гласањето за доверба во парламентот
Не се сомневаме дека владата ќе добие поддршка на претстојното гласање за доверба, меѓутоа, одлуките на Народното собрание се важни кога ја одразуваат волјата на народот, истакна бугарскиот премиер
Софија: Владата на Росен Жељазков поднесе оставка пред гласањето за доверба во парламентот
И младите и старите се изјаснија против Владата, оваа граѓанска енергија мора да биде поддржана и охрабрена, заклучи Жељазков / Reuters

Владата на бугарскиот премиер Росен Жељазков денес поднесе оставка по неколку недели улични протести поради економската политика на владата и за нејзиниот, како што ја обвинуват, неуспех во борбата против корупцијата.

Според бугарските медиуми, Жељазков објавил дека поднесува оставка неколку минути пред парламентот да гласа за предлогот за гласање за доверба на владата.

„Коалицијата ја разгледа ситуацијата. Не се сомневаме дека владата ќе добие поддршка на претстојното гласање за доверба, меѓутоа, одлуките на Народното собрание се важни кога ја одразуваат волјата на народот“, истакна бугарскиот премиер.

Во изјавата што ја прочита, владата ги наведе „губењето на политичката поддршка и потребата од враќање на јавната доверба“ како клучни причини за оваа одлука, објавува порталот Новините.

Жељазков нагласи дека овој чекор е преземен „во интерес на институционалната стабилност“ и изрази благодарност до министрите и коалициските партнери кои работеа во владата.

Тој рече дека желбата на владата на Бугарија е да биде на нивото што го очекува општеството.

„За оставка на Владата се изјаснија и младите. Оваа граѓанска енергија мора да биде поддржана и охрабрена“, заклучи тој.

Минатата недела, бугарската влада го повлече својот буџетски план за 2026 година, првиот што беше составен во евра, по масовните протести, поради влегувањето на Бугарија во еврозоната на 1 јануари 2026 година.

Вчера во Софија се одржа голем протест, последен во серијата протести во изминативе месеци, на кој присуствувале стотина илјади граѓани, а на кои е побарана оставка на Владата.

Повеќе
САД ја потврдуваат поддршката за Јемен додека се засилуваат конфликтите со Хутите
Коперник: Западна Европа забележа рекордни температури во јуни и јули
Пораснаа цените на нафтата по новите услови на Иран за Ормутскиот Теснец
Албанија ја потврди поддршката за суверенитетот на Косово по изјавите на Зеленски
Вучиќ најави отворање фабрика за дронови со Израелците во средината на септември
Анкара: Туристичката рамка на Грција нема правни последици за Туркије
Дизни и ТикТок потпишаа глобален договор за споделување содржини за видеа на креаторите
Војна што никогаш не завршува: Палестинците го чекаат денот кога Израел ќе го почитува примирјето
Воскресение на изгубеното турско лале: Како домар повторно ја напиша ботаничката историја
Што се крие зад акцијата на САД за спасување на јапонскиот јен?
Дуран: Договорот од Мека за заедничка одбрана е историски чекор
Шпанија ѝ постави ултиматум на Италија да ги укине на граничните контроли поради Сеута
Трамп инсистира дека Иран сака нуклеарен договор со САД: Тие не сакаат да бидат погодени
Израелски министри бараат обновување на офанзивата во Газа и отфрлање на планот на Трамп за примирје
Нападот врз еден е напад врз сите, велат Туркије, Саудиска Арабија и Пакистан во одбранбениот пакт