| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Доживотна затворска казна за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане
Според утврденото во постапката, кривичните дела биле извршени во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година, а жртви биле претежно повозрасни и немоќни жени кои живееле сами
Доживотна затворска казна за серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане
Со денешната одлука заврши првостепената постапка, пресудата не е правосилна и може да биде предмет на жалба (Фото: Основен суд Куманово)

Основниот суд во Куманово му изрече казна доживотен затвор на 25-годишниот Трајче Бојковски од Старо Нагоричане, прогласен за виновен за четири убиства и два обида за убиство на жени.

Бојковски е осуден за убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска.

Според утврденото во постапката, кривичните дела биле извршени во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година, а жртви биле претежно повозрасни и немоќни жени кои живееле сами. Првото убиство се случило ноќта меѓу 5 и 6 јануари 2025 година во селото Клечовце, додека второто било извршено во периодот од 5 до 7 јуни истата година во селото Драгоманце.

Во случајот биле опфатени и два обида за убиство во селото Челопек. Првиот се случил на 22 јули 2025 година, кога жената успеала да повика помош и да го спречи напаѓачот, по што тој побегнал. Вториот обид, според обвинителството, бил на 9 февруари 2026 година, кога Бојковски се откажал од намерата и го напуштил местото.

Тој е обвинет и за убиството на жена во Старо Нагоричане во јануари 2026 година, како и убиството на повозрасна жена во Челопек во февруари истата година.

Пред изрекувањето на пресудата Судечкиот совет изјави дека не нашол ниту една олеснителна околност, што би можел да ја ублажи одговорноста и казната на обвинетиот.

Со денешната одлука заврши првостепената постапка. Пресудата не е правосилна и може да биде предмет на жалба.

Бојковски на рочиште во Основниот суд Куманово на 28 септември призна три од четирите убиства.

Повеќе
Муцунски на средба со Петрова Чамова: Позициите со Бугарија по суштинските прашања и натаму далечни
Обвинителство не нашло докази за шпионажа во кабинетот на претедателката Силјановска Давкова
Сите 63 рудари од Трепча излегоа безбедно на површина
Муцунски од Софија: Коридорот 8 е повеќе од транспортна маршрута, ги поврзува Јадранот и Црното Море
Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
ЕУ повикува на брзо формирање на власта во БиХ по одржаните избори
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Туркије, Алпер Акташ
Серафимовки-Муја: Посилна институционална соработка во земјоделството со Косово
Јустина Широка Пула избрана за претседателка на Косово
Курти ја предложи Јустина Широка Пуља за кандидат за претседател на Косово за да избегне нова криза
Два бродови погодени со дронови во Црното Море кај Бугарија, едниот потонал
Следната недела почнува изградбата на гасната интерконекција меѓу Србија и Северна Македонија
Полицијата со солзавец ги растера демонстрантите кои го блокираа косовското Собрание
Колкава е штетата од пожарите на отворено?
Стопанската комора предлага намалување на бројот на неработни денови
Од полноќ поевтини и бензините и дизелот
Пријавени дојави за бомби во образовни установи во главниот град на Бугарија
Дер Лaјен ѝ порача на Сиљановска Давкова: Спорот со Софија може да се надмине со средби и дијалог
Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Да нема нови билатерални условувања на патот кон ЕУ
Општи избори во БиХ во недела, за прв пат се воведуваат нови изборни технологии