| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Милановиќ одбива да го одобри новиот амбасадор на Израел поради политиката на израелската Влада
Бидејќи назначувањето на Нисан Амдур останува блокирано, весникот Једиот ахропишува дека тој наместо тоа ќе отпатува за Загреб како вршител на должност – позиција за која не е потребно претседателско одобрување, во очекување на решение на ситуацијата
Милановиќ одбива да го одобри новиот амбасадор на Израел поради политиката на израелската Влада
Хрватскиот претседател денес изјави дека наредил прекин на секаква соработка меѓу Вооружените сили на Хрватска и израелската војска / AA

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ веќе седум месеци одбива да го одобри назначувањето на следниот амбасадор на Израел во Хрватска поради „политиката на израелската Влада и премиерот Бенјамин Нетанјаху“, објави денес израелскиот весник Једиот ахронот.

Весникот наведува дека Израел го назначил Нисан Амдур за амбасадор во Хрватска во ноември 2025 година и формално побарал дипломатско одобрување од хрватското Претседателство, „во согласност со стандардните дипломатски процедури“.

Сепак, Милановиќ одбил да го одобри назначувањето, со што процесот е во застој веќе седум месеци.

Според објавеното, ова е првпат во историјата на Хрватска еден претседател да го сопре одобрувањето за назначување на амбасадор.

Се очекува актуелниот амбасадор на Израел во Хрватска, Гери Корен, да го заврши својот мандат кон крајот на овој месец и да се врати во Израел.

Бидејќи назначувањето на Амдур останува блокирано, весникот пишува дека тој наместо тоа ќе отпатува за Загреб како вршител на должност – позиција за која не е потребно претседателско одобрување, во очекување на решение на ситуацијата.

Хрватскиот претседател денес изјави дека наредил прекин на секаква соработка меѓу Вооружените сили на Хрватска и израелската војска поради, како што ги опиша, израелските прекршувања на меѓународното хуманитарно право.

Во соопштение на социјалните мрежи, Милановиќ истакна дека „поради неприфатливото однесување на израелската војска и невиденото прекршување на сите норми на меѓународното хуманитарно право“, тој уште во мај минатата година „наредил прекин на секаква соработка меѓу Вооружените сили на Хрватска и израелската Армија“, што ги опфаќа сите припадници на хрватската Армија.

Тој додаде дека во исто време ја повикал хрватската Влада „да ја запре секоја форма на трговија со оружје и воена опрема со Израел“.

Милановиќ рече дека во неодамнешен телефонски разговор директно го предупредил премиерот Андреј Пленковиќ дека „секоја форма на воена соработка со Израел би била неприфатлива“.

Израелската Армија уби повеќе од 72.700 Палестинци, главно жени и деца, а рани над 172.700 во двегодишната војна во Појасот Газа од октомври 2023 година.

И покрај прекинот на огнот што стапи на сила на 10 октомври 2025 година, израелската Армија ги продолжи своите напади, убивајќи над 877 Палестинци и ранувајќи повеќе од 2.602, соопшти Министерството за здравство во Газа.

Повеќе
Мисајловски: Земјите од Западен Балкан во одбранбените иницијативи на ЕУ ќе ја зајакнат безбедноста
Речиси половина Германија е за предвремени избори доколку Мерц поднесе оставка
Емине Ердоган во ОН: Мора да изградиме здрав дигитален екосистем за безбедноста на децата
Туркије и САД ја продлабочуваат нуклеарната соработка со договор за реактор од новата генерација
Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД за потенцијални инвестиции
Израелските сили извршија упад во село во близина на позиција на ОН во јужна Сирија
Иран: Ќе го отвориме Ормутскиот Теснец ако прекинат воените напади на САД
Белата куќа ја лансираше Трамп ТВ додека трае бојкотот на одредени медиуми поради нивната забрана
Саудиска Арабија и Пакистан ја потврдија посветеноста на одбранбениот договор од Мека
Одборот за мир во Газа ги повтори заложбите пред ГС на ОН
Ердоган: Туркије и САД мора да им дадат „нов замав“ на односите и да ги надминат пречките
Курти по средбата со Ердоган: Благодарност за постојаната поддршка од Туркије
Зеленски:  Украина е подготвена да ги запре нападите врз руските енергетски објекти
Калас: Потребни се повеќе бродови во Црвеното Море за безбеден транспорт
ЕУ без потврда на договорот за санкции на двајца руски олигарси