| Macedonian
РЕГИОН
1 мин читање
Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски граѓани од Блискиот Исток
„Со последниот, петти лет што вчера слета на Меѓународниот аеродром во Скопје, евакуирани се вкупно 147 патници, од кои 119 македонски државјани и 28 странски државјани.“
Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски граѓани од Блискиот Исток
Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски граѓани од Блискиот Исток / Other

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија информира дека, заклучно со вчерашниот лет, целосно е завршена евакуацијата на сите македонски државјани од земјите на Блискиот Исток кои до овој момент беа пријавени и изразија подготвеност за евакуација.

„Со последниот, петти лет што вчера слета на Меѓународниот аеродром во Скопје, евакуирани се вкупно 147 патници, од кои 119 македонски државјани и 28 странски државјани. Со тоа државата покажа подготвеност навремено да реагира во кризни ситуации, да ја заштити безбедноста на македонските граѓани, но и да покаже солидарност кон граѓани од пријателските земји од регионот и пошироко“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Станува збор за организирани чартер летови, при што сите трошоци за нивната реализација се на товар на државата.

Со реализацијата на овие летови, вкупниот број евакуирани македонски државјани достигна 605.

„Министерството уште еднаш нагласува дека безбедноста на граѓаните е највисок приоритет, што се потврдува и со фактот дека евакуацијата на сите македонски државјани кои изразија интерес за враќање во земјата е целосно завршена. Воедно, информираме дека дежурниот СОС телефонски број, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму остануваат на располагање на македонските граѓани“, информираат од министерството.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Зеленски сака нови преговори со Русија и САД до почетокот на ноември
Сирија започна безбедносна операција насочена кон терористичка ќелија во околината на Дамаск
Европскиот парламент сака подлабока соработка со Канада
Лана Нусејбех од ОАЕ најавува кандидатура за генерален секретар на ОН
Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора
Медиуми: Израелски борбени авиони летале близу до иранската граница за да предизвикаат реакција
Мерц: Влијанието на Русија е најголемата закана за германското општество
Конгресменката Рамирез: Израелскиот геноцид врз Палестинците не е завршен
Трамп: Не, мислам дека не преговараме со Иран, но ќе се случи нешто
Нападот врз нафтено поле во Саудиска Арабија ја зголеми цената на нафтата за 2%
Ердоган и Радев разговараа за регионални и глобални прашања
Советник во Кремљ: Русија е подготвена да ги продолжи трилатералните преговори за Украина во ноември
Ердоган и Алиев разговараа за билатералните односи и регионалните случувања
Барт де Вевер: Украина нема да се финансира од замрзнатите руски средства
Првата дама на Туркије повикува на глобална акција за заштита на децата во конфликтните зони