Сто години скопска зоолошка градина – Визијата на Станко Караман станува реалност
РЕГИОН
2 мин читање
Сто години скопска зоолошка градина – Визијата на Станко Караман станува реалностВо зоолошката градина во Скопје живеат 500 животни од речиси 90 видови. Денес има и едукативна мисија, а освен домашни присутни се и посетители од земјите од регионот.
Sto godini skopska zooloska gradina / TRT Balkan MK

 Знаете ли дека почетоците на Скопската зоолошка градина датираат од пред сто години? Во 1926 година биологот, визионер и научник Станко Караман ги поставува основите на денешната Зоолошка градина во рамки на Градскиот парк. Неговата визија била за живо училиште на отворено каде децата и возрасните учат да ја разбираат и почитуваат природата.

„Тоа било за тоа време значи многу современо, модерно. Бидејќи во 1926 година ретко каде имало зоолошки градини во светот, но и градски паркови каде што исто биле направени со доста автохтони растенија, но и со растенија коишто ги донел Станко Караман” изјави за ТРТ Балкан Тина Мицковска задолжена за односи со јавност во Зоолошка градина Скопје.

Таа смета дека во иднина зоолошката градина може да прерасне и во голем едукативен центар.

„Овде се смениле многу директори се смениле многу вработени. Имало навистина многу случувања во зоолошката. Преживеала и подеми и падови. Овде имало земјотрес како што памтиме 1963, имало поплави, но ете се уште се држи цврсто. И се ндевам дека во наредните години ќе успееме да ја направиме уште подобра бидејќи оваа зоолошка заслужува да биде еден голем едукативен центар, според визијата на Станко Караман” вели Мицковска.

Во зоолошката градина во Скопје живеат 500 животни од речиси 90 видови. Се обновуваат старите и се градат нови живеалишта, потврдува директорката на зоолошката градина Катерина Костова.

Правиме дезинфекција и дератизација првично на сите живеалишта во градината значи на цела површина од 13 хектари. Менување на постоечката стара земја и поставување на нова соодветна. Втор план имаме да направиме реконструкција на старите живеалишта на тие што се најмногу дотрајани. Бидејќи нели 100 години зоолошка, имаме живеалишта што се и по 50 години. Во план е да ја зголемиме збирката на видови животни што ги имаме во градината. Да донесеме нoви животни, капитални животни и животни што во овие сто години ги немала градината”, изјави Костова за ТРТ Балкан.

Денес Зоолошката градина во Скопје има едукативна мисија. Освен домашни, присутни се посетители и од земјите од регионот.

Повеќе
Повеќе експлозии одекнаа во близина на базата Ербил во Ирак
САД нема да извршат напади врз Хутите по барање на Саудиска Арабија
Туркије и Италија потпишаа договор за соработка во областа на трудот и социјалните политики
Шпанскиот Конгрес го поддржува државјанството за жителите на Западна Сахара родени пред 1977 година
Врховниот суд ја укина пресудата за несреќата кај  Ласкарци и случајот го врати на повторно судење
САД ги притискаат сојузниците од НАТО да го распуштат МКС и да се повлечат од основачкиот договор
Август најтопол месец во светот досега, според климатската агенција на ЕУ-Коперник
ЕБОР поддржа ветерен парк од 131 мегават во Штип
Трамп вети по 5.000 долари за секој граѓанин ако републиканците победат на средорочните избори
Листата на есенцијални лекови ажурирана по повеќе од една деценија
Руте: Треба да се направи многу повеќе за НАТО да биде предводен од Европа
За Американците домашниот тероризам е поголема закана од странски напади, 25 години по 11 септември
Туркије се фокусира на квантната и вселенската технологија во новиот истражувачки и развоен поттик
Клековски: Западнонилската треска стивнува, хоспитализирани шест пациенти на Инфективна
Бројот на барања за азил во Европската Унија падна на најниско ниво од 2021 година