| Macedonian
Во која балканска држава е најевтино да започнете бизнис?
Користејќи ги податоците од извештајот Дуинг Бизнис на Светска банка проверивме во која од балканските земји ви треба најмногу почетен капитал за да започнете сопствен бизнис
Во која балканска држава е најевтино да започнете бизнис?
Во која балканска држава е најевтино да започнете бизнис?    Фото: ТРТ Балкан / ТРТ Балкан МК

Пандемијата им создаде голем проблем на сопствениците на приватни компании кои во време на рестрикциите, полицискиот час и забраната за движење загубија многу пари, дел се откажаа од бизнисот, а дел пак одлучија да почекаат подобри времиња за да започнат нов бизнис. Вакви и слични проблеми и дилеми имаше безмалку секој бизнисмен во балканскиот регион, но и пошироко.

Со зголемената вакцинација и намалување на бројот на заболени многумина размислуваат да ја реализираат својата идеја за бизнис токму во овој момент. Но започнувањето на бизнис не е така едноставно. Не е доволна само идејата за бизнис бидејќи во некои земји потребни се посебни барања, дозволи, проценки и слично. Во превод, тоа значи пари.

Во Словенија отворањето фирма е бесплатноКористејќи ги податоците од извештајот Дуинг Бизнис на Светска банка проверивме во која од балканските земји ви треба најмногу почетен капитал за да започнете сопствен бизнис, а каде е најтешко да отворите фирма.

Најлиберална земја во регионот за отворање на сопствен бизнис е Словенија. Според податоците од Светска банка, во оваа земја трошоците за започнување бизнис се еднакви на нула. Тоа значи дека нема никакви административни трошоци поврзани со отварањето нова фирма. Она што треба да го исполните само како услов е да имате почетен влог од 7.500 евра.

Во Косово и Хрватска ниски давачкиВтора земја во која нема многу да потрошите за да започнете сопствен бизнис е Хрватска каде ви се потребни 22 евра за да отворите фирма. Вакви ниски трошоци има и во најмладата балканска економија. За да станете свој газда во Косово ви се потребни нешто повеќе од 40 евра. Црна Гора е двојно поскапа но сепак е со ниски трошоци кога станува збор за започнување сопствен бизнис. Во оваа држава ви се потребни околу 89 евра за да започнете со бизнис.

Во Србија трошоците се безмалку исти како во Црна Гора. Па таму ви се потребни 95 евра за сите потребни документи и процедури за да го отворите бизнисот.

Северна Македонија на златна срединаЗапочнувањето сопствен бизнис во Северна Македонија ќе ве чини околу 170 евра, за регистрација на фирмата и за проценки поврзани со отворањето на правниот субјект, купување печати и слично.

Со ова Северна Македонија е на златната средина на Балканот кога станува збор за трошоци поврзани со отворањето нов бизнис. Согласно Законот за трговски друштва за да отворите фирма ви се потребни 5.000 евра како паричен влог. Тој влог може да биде паричен или непаричен влог.

Паричниот влог можете да го внесете веднаш со самото основање на компанијата, но можете да го внесете и дополнително, но не покасно од една година од основање на компанијата. Таа можност овозможува ова да не се смета како директен трошок за започнување на бизнисот.

Но доколку станува збор за непаричен влог потребно е овластен проценител да изврши проценка на предмети кои ги вложувате во компанијата. Тоа може да биде опрема како компјутер, принтер и слично. Но самата проценка чини пари.

БиХ и Албанија најскапи за бизнисАлбанија и Босна и Херцеговина се најскапи балкански држави кога станува збор за отворање сопствен бизнис. Па така трошоците во Албанија се проценуваат на нешто повеќе од 500 евра.

Сепак, неславен балкански лидер е Босна и Херцеговина каде за да започнете сопствен бизнис и за да отворите фирма ви се потребни 710 евра.

ИЗВОР:TRT Balkan
Повеќе
Аксиос: САД бараат сопственички удел во венецуелската нафта
Карни го отфрли преименувањето на Онтарио во „Езеро Америка“ од страна на Трамп
Пакистанскиот премиер: Одбранбениот пакт од Мека испрати порака за единство и мир низ целиот регион
„Безбеден град“ ќе ги казнува и мотоциклистите за брзо возење
Иран вели дека враќањето на дипломатијата со САД „не е невозможно“
Четиригодишно девојче од Газа сонува повторно да оди и да си игра по ампутацијата
Ричардоне: Туркије нема особен политички интерес од поттикнување непријателство со Израел
Израел продолжува со нападите врз јужен Либан со артилерија и митралески оган
Гутереш: Солидарност со жртвите на злосторствата на Младиќ, осуда за негирањето на геноцидот
Почина норвешкиот крал Харалд V
Непал: Бројот на загинати во поплавите се искачи на 472, над 1.000 лица се водат како исчезнати
Ердоган разговараше за регионалните прашања со африканските лидери
Пезешкијан: Иран може да ги надмине болните настани со Катар и да ја продолжи соработката
Грлиќ Радман: Силите под команда на Младиќ оставија крвава трага низ Хрватска и БиХ
Трапм: Путин нема да нападне територија на НАТО