Радев пред убедлива победа на парламентарните избори во Бугарија
Прогресивна Бугарија предводена од претседателот на државата Румен Радев води со 44,5% од гласовите и е на добар пат да обезбеди мнозинство во Собранието на Бугарија, а потоа и да формира влада
Прогресивна Бугарија предводена од претседателот на државата Румен Радев води со 44,5% од гласовите и е на добар пат да обезбеди мнозинство во Собранието на Бугарија, а потоа и да формира влада во обид да го заврши циклусот на нестабилни парламентарни мнозинства што доведе до постојани предвремени избори во Бугарија во последните години.
Централната изборна комисија на Бугарија ги објави првичните резултати од неделните парламентарни избори, според кои, врз основа на 68,3 отсто од преброените гласови до 7 часот по локално време, во водство е коалицијата Прогресивна Бугарија.
По неа следува коалицијата Продолжуваме со промената - Демократска Бугарија (ПП-ДБ) со 14%, додека коалицијата ГЕРБ-СДС добила поддршка од 13,1%.
Движењето за права и слободи (ДПС) освои околу 5,4%, а партијата Преродба 4,5%.
Во согласност со Изборниот законик на Бугарија, Централната изборна комисија е должна да ги објави конечните резултати и распределбата на мандатите за партиите и коалициите најдоцна четири дена по денот на изборите. Имињата на избраните пратеници во Парламентот мора да бидат објавени во рок од седум дена.
Вчера се гласаше на осмите парламентарни избори во Бугарија од 2021 година.