Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се сретна денеска со кинескиот потпретседател Хан Женг на маргините Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени КОП31 во Анталија.
Средбата се фокусираше на билатералните односи, како и на регионалните и глобалните прашања, соопшти Директоратот за комуникации на Туркије.
Ердоган ја истакна важноста од интензивирање на соработката меѓу двете земји, истакнувајќи дека тие би можеле да ги зајакнат врските во неколку области, особено во инвестициите, енергетиката, трговијата и туризмот.
Тој ја изрази решеноста на Туркије да преземе потребни чекори за унапредување на соработката.
Ердоган, исто така, рече дека „Средниот коридор“ може да се усогласи со кинеската иницијатива „Појас и пат“, додавајќи дека потенцијалот за соработка, кој произлегува од разгледувањето на двете иницијативи заедно со проектот „Пат за развој“, претставува значајна можност за двете земји.






















