| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Сијарто: Владата на САД е отворена да ги преиспита и укине санкциите против Унгарија
Санкциите кои влијаат на енергетската безбедност на Унгарија и ставањето на црната листа на министерот Антал Роган се политички мотивирани потези на администрацијата на Бајден, рече Sијарто по средбата со американскиот државен секретар Рубио
00:00
Сијарто: Владата на САД е отворена да ги преиспита и укине санкциите против Унгарија
Сијарто со Рубио разговарал и за можностите за проширување на унгарско-американската енергетска соработка, при што ја истакнал улогата на нуклеарната енергија / Reuters
5 март 2025

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто објави дека американската влада е целосно отворена за преиспитување и укинување на, како што вели „неправедните и одмазднички“ мерки наметнати на Унгарија од претходната администрација.

По разговорите со американскиот државен секретар Марко Рубио, тој посочи дека санкциите кои влијаат на енергетската безбедност на Унгарија и ставањето на црната листа на министерот Антал Роган се политички мотивирани потези на демократите и администрацијата на Џо Бајден.

„Во тек се правни процеси за нивно поништување“, напиша шефот на унгарската дипломатија.

Сијарто ја истакна потребата од враќање на американско-унгарскиот даночен договор, кој беше отповикан како одмазда за унгарскиот став за глобален минимален данок - пристап на кој се спротивстави и американскиот претседател Доналд Трамп.

Тој ја поздрави посветеноста на новото американско раководство за зајакнување на врските засновани на пријателство и меѓусебно почитување.

„Сега повеќе од кога било, патриотските сили мора да се обединат за да ги одбранат своите вредности и суверенитет“, напиша тој на X, наведувајќи дека тие се согласиле дека зачувувањето на националниот идентитет е поважно од кога било во овие предизвикувачки времиња.

Министерот изрази длабока загриженост поради немилосрдните напади врз патриотските влади, понекогаш само заради победа на националните избори.

Тој, исто така, изјави дека Унгарија и САД ја гледаат нуклеарната енергија како клучна за обезбедување енергетска безбедност, правејќи ја технолошката соработка логичен чекор.

Сијарто со Рубио разговарал и за можностите за проширување на унгарско-американската енергетска соработка, при што ја истакнал улогата на нуклеарната енергија.

Тој посочи дека Вестингхаус Електрик Компани (Westinghouse Electric Company) е меѓу водечките светски компании за нуклеарна технологија и може да игра клучна улога во револуционерниот развој на мали модуларни реактори, кои можат да се градат во пократки временски рамки.

Министерот заклучи дека овие мали реактори ќе можат сигурно и еколошки да произведуваат големи количини електрична енергија, а Унгарија е заинтересирана да соработува со Вестингхаус за подобрување на оваа технологија.


Повеќе
Иран повторно тврди дека погодиле американски Ф-35 борбен авион
Трамп: Допрва ќе го уништиме тоа што остана од Иран
Ирански ракети погодија повеќе локации во Тел Авив
Арапската лига повика на истрага од МКС за закон за смртна казна за палестинските затвореници
Ердоган: Водата ја заменува нафтата како стратешки ресурс
Фидан во разговор со германскиот шеф на дипломатија и на онлајн состанок за Ормуз
Џевдет Јилмаз: Најостра осуда за нападот од ЕОКА врз граѓани на Турската Република Северен Кипар
Гутереш: Светот е на раб на поширока војна која би можела да го зафати Блискиот Исток
Трамп: Членките на НАТО да соберат храброст и да испратат воени бродови во Ормутскиот теснец
Американски и израелски авиони погодија клучен мост во Иран
Албанија: Прекината седница на Парламентот откако опозицијата ја блокираше говорницата
Орбан: Да се укинат санкциите кон Русија поради енергетската криза во Европа
Путин најави нов самит Русија-Африка кој ќе се одржи во октомври
Пакистан и Авганистан одржуваат разговори во Кина по граничните судири
Поставен камен-темелникот на далновод од ТС „Битола 2“ на граничниот премин Ќафасан