| Macedonian
ПОЛИТИКА
2 мин читање
Мерц: САД се и ќе останат најважен партнер на Берлин во НАТО
Мерц ги даде овие изјави во услови на тензиите меѓу Вашингтон и Берлин откако неодамна ги критикуваше САД за недостиг на стратегија за излез од војната со Иран, велејќи дека Американците биле „понижени“ од иранскиот режим за време на преговорите
Мерц: САД се и ќе останат најважен партнер на Берлин во НАТО
Мерц изјави дека САД нема да распоредат ракети Томахавк во Германија, нo дека одлуката не е поврзана со неговите критики кон претседателот Трамп / Reuters

Германскиот канцелар Фридрих Мерц доцна вчера изјави дека „Соединетите Американски Држави се и ќе останат најважен партнер на Германија“ во НАТО.

„Имаме заедничка цел: на Иран не смее да му се дозволи да набави нуклеарно оружје“, објави тој на американската платформа за социјални медиуми Х.

Мерц ги даде овие изјави во услови на тензиите меѓу Вашингтон и Берлин откако неодамна ги критикуваше САД за недостиг на „стратегија за излез“ од војната со Иран, велејќи дека Американците биле „понижени“ од иранскиот режим за време на преговорите.

Вчера Мерц изјави дека САД засега нема да распоредат крстосувачки ракети Томахавк во Германија, нагласувајќи дека одлуката не е поврзана со неговите критики кон претседателот Доналд Трамп.

„Во моментов Американците немаат доволно ниту за себе. Објективно гледано, практично не постои можност САД да испорачаат ваков вид вооружени системи“, изјави Мерц во интервју за јавниот сервис АРД.

Трамп изјави дека САД планираат да го намалат своето воено присуство во Германија по претходната одлука за намалување на бројот на трупи во земјата.

„Ќе го намалиме (бројот) значително и ќе скратиме многу повеќе од 5.000 (војници)“, изјави тој за новинарите на Флорида на прашањето за овој потег.

Шефицата за надворешна политика на Европската Унија (ЕУ), Каја Калас, денес изјави дека тајмингот на евентуалното повлекување на американските трупи од Европа најавен за следните шест до 12 месеци е изненадувачки, нагласувајќи ја потребата Европа да ја зајакне својата улога во рамките на НАТО.

Повеќе
Иран предупреди дека ќе ги нападне американските сили ако се обидат да влезат во Ормускиот теснец
Три лица починале во епидемија на хантавирус на крузер на Атлантикот
Кубанскиот претседател вели дека САД бараат изговор за воена интервенција
Највисоките европски лидери се состануваат во Ерменија за клучен самит на политичката заедница
Иран го добил и го разгледува одговорот на САД на мировниот мпредлогот од 14 точки
Трамп: Предлогот на Иран е неприфатлив, Израел не би постоел без мене и Нетанјаху
Зеленски: Украина е подготвена за следната рунда преговори во трилатерален формат
Израелски снајперски куршум погоди палестинската невеста во Газа, неколку дена пред свадбата
САД го почнуваат Проектот Слобода за придружба на неутрални бродови од Ормускиот теснец
Ердоган разговараше со ирачкиот мандатар за премиер Ал-Заиди
Како противењето на Ватикан ја менува глобалната динамика на војната во Иран
Обликот на водата: Што ја прави Мугла во Туркије вредна за патување?
Новата израелска партија ветува промени, но нема намалување на жестокоста против Палестинците
Дали војната меѓу САД и Иран ги доближува Москва и Техеран до воен сојуз?
„Никогаш не помислив дека ќе го видам овој ден“: Во Сирија првото судење на тираните од ерата на Аса