| Macedonian
РЕГИОН
2 мин читање
Системот „Безбеден град“ за само 12 часа регистрирал над 65.000 прекршоци
Во првите 12 часа од пробното функционирање на системот биле регистрирани неверојатни 65.000 прекршоци од кои за поминување на црвено светло 2.800, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
Системот „Безбеден град“ за само 12 часа регистрирал над 65.000 прекршоци
Во првата фаза системот ќе регистрира брзо возење, минување на црвено светло, истечена важност на сообраќајна дозвола и непрописно паркирање / Others

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот, каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City), по повод почетокот на пробниот период во кој сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат известување за сторениот прекршок.

Со последните измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, прекршоците документирани со технички средства- камери, сензори и уреди за снимање- се сметаат за валиден доказ.

Во првата фаза системот ќе регистрира: брзо возење, минување на црвено светло, истечена важност на сообраќајна дозвола и непрописно паркирање. Во следната фаза е предвидено проширување на спектарот на прекршоци.

Кога системот ќе биде во целосно пуштен во употреба сопствениците на возилата за кои е утврден прекршок ќе добиваат СМС порака и е-пошта со линк за преземање записник со платен налог. Прекршоците ќе можат да се платат електронски, а при навремено плаќање нема да се наплаќаат дополнителни трошоци.

За одредени прекршоци за кои е пропишана и мерка забрана за управување со возило, МВР ќе поднесува барање за поведување постапка до надлежен суд.

Во првите 12 часа од пробното функционирање на системот биле регистрирани неверојатни 65.000 прекршоци од кои за поминување на црвено светло 2.800 и нерегистриран автомобил 1.000.

„Оваа алармантна бројка уште еднаш ја потврдува неопходноста и оправданоста на системот, од кој очекуваме значително подобрување на сообраќајната култура, зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот и намалување на штетите и жртвите на патиштата. Со стартот на овој систем испраќаме јасна порака – безбедноста на граѓаните е врвен приоритет. Нема толеранција за несовесно возење, без разлика дали е во градска зона или на отворен пат. ‘Безбеден град’ е проект кој штити животи и ја враќа дисциплината во сообраќајот,“ истакна министерот Тошковски.

Од МВР информираат дека ќе продолжат со тестирањето и унапредувањето на системот, со цел негово целосно функционирање во наредната фаза.

Повеќе
Кос ја откажа посетата на Србија поради глорификација на Младиќ
Центар за управување со кризи: 31 пожар на отворено регистрирани до 07:30 часот
ЦУК: За првпат ангажиран воздухоплов за гасење пожар надвор од државата
Граничната полиција на БиХ спречи нелегалeн премин на речиси 100 мигранти на границата со Хрватска
Србија го презеде телото на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ, денес пристигнува во Белград
Oснован Центар за истражувања на Туркије при Меѓународниот балкански универзитет
Седми смртен случај од западнонилска треска, почина 69-годишен маж
Командантот на КФОР: Намалувањето на присуството на мостот на Ибар зависи од ситуацијата на теренот
Официјално означен почетокот на Градскиот воз кон Зелениково
Активни шест пожари на отворен простор, пет под контрола и 30 изгаснати
Продолжува судењето за трагичниот пожар во „Пулс“ во Кочани
Иранска Армија: Извршивме напади со беспилотни летала врз американски бази во Бахреин и ОА
Кос: Глорификацијата на Младиќ е спротивна на вредностите на ЕУ, Србија да одлучи каде ѝ е местото
Граѓански организации бараат разрешување на директорот на АОПЗ поради величање на Младиќ
Тошковски: По 30 години повторно имаме државно Средно полициско училиште
За камионџиите од Западен Балкан решението треба да се бара во рамките на постојните Шенген правила
Градоначалниците на неколку општини протестираат пред Владата на Косово
Поднесено обвинение против возачот на трамвајот за несреќата во Сараево во февруари
Клековски: Опаѓа бројот на нови случаи на западнонилска треска
Турската амбасада во Скопје организираше свечен прием по повод Денот на победата