| Macedonian
СВЕТ
1 мин читање
Деветмина загинати во украинскиот напад врз автобус во Луганск, окупиран од Русија
Осуммина загинаа на местото на настанот, а 20-годишна жена почина од повредите во болница, изјави регионалниот гувернер назначен од Москва, Леонид Пашечник
Деветмина загинати во украинскиот напад врз автобус во Луганск, окупиран од Русија
Москва веќе ја потпиша анексијата на регионот Луганск, кој го контролира целосно

Деветмина загинале во украинскиот напад врз автобус во источниот регион Луганск, кој е окупиран од Русија, соопштија во среда локалните власти назначени од Москва.

„Во ужасниот напад, осуммина загинаа на местото на настанот, а 20-годишна жена почина од повредите во болница“, изјави регионалниот гувернер назначен од Москва, Леонид Пашечник, преку руската апликација за пораки Maкс.

Мајката на младата жена и уште една 18-годишна жена се исто така повредени, рече Пасечник, опишувајќи го нападот како „воено злосторство“.

Регионалниот гувернер рече дека автобусот превезувал 15 патници на рутата помеѓу градовите Лисичанск и Кадиевка.

Повеќе од четири години откако Русија започна инвазија проследена со масовни бомбардирања на Украина, Киев ги засили своите напади со беспилотни летала.

Москва веќе ја потпиша анексијата на регионот Луганск, кој го контролира целосно.

Дипломатските напори со посредство на САД за прекин на конфликтот се во застој, а Кремљ не покажува знаци на подготвеност да ги преиспита своите максималистички барања, особено територијалните, истакнува агенцијата Франс прес.

Повеќе
Трамп: Канада е една од најлошите земји во светот за водење бизнис
Ердоган вети дека ќе ги ослободи од тероризам Туркије и регионот
Турскиот директор за комуникации ja одбележа 955-годишнината од Битката кај Малазгирт
Нетанјаху вети проширување на илегалните населби на окупираниот Западен Брег
Со централна манифестација одбележана 116-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза
Претседателката на МКС по американските санкции: Судот не смее да биде распуштен
САД привремено го стопираат примањето барања за имигрантски визи низ светот
Путин и Шара разговараа за реорганизација на воените бази Хмејмим и Тартус во Сирија
Длабоко делумно затемнување на Месечината ќе ја направи Месечината црвеникава низ делови од светот
На Клиниката за инфективни болести во моментов се лекуваат 21 пациент со западнонилска треска
Данска против израелскиот план за населување на Западниот Брег
Унгарската Влада ја означи Русија како „закана“
Мицкоски: Почна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата
Трамп го испрати нуклеарниот договор со Ријад до Конгресот, услов e признавање на Израел
Северна Македонија и Туркије одбележуваат 34 години дипломатски односи