Турската министерка за семејство и социјални услуги на Република Туркије, Махинур Оздемир Ѓокташ, во рамките на работната посета на Република Северна Македонија, во Скопје оствари средба со претседателот на Собранието Африм Гаши.
Според соопштението од Собранието, претседателот Гаши изрази големо задоволство за можност да се сретне соминистерката Ѓокташ и да разговараат за семејните вредности како цивилизациска определба.
Тој истакна дека социјалната политика и прашањата поврзани со заштитата и зајакнувањето на семејството имаат развиено широк спектар на политики и услуги насочени кон семејствата, жените, децата, лицата со попреченост, старите лица и другите ранливи категории.
„Нашата земја е подготвена за размена на искуства и добри практики со Туркије во овие области, особено во делот на развојот на достапни и квалитетни социјални услуги во заедницата. Тој изрази уверување дека парламентарната дипломатија може да одигра значајна улога во дополнителното зајакнување на билатерални односи и да отвори простор за нови форми на институционална соработка меѓу двете земји“, се вели во соопштението.
Министерката Ѓокташ истакна дека Република Северна Македонија и Република Туркије негуваат силно традиционално пријателство и партнерство и имаат длабоко вкоренети историски и културни врски.
Таа истакна дека Туркије следните десет година ги прогласила за Деценија на семејството и населението со фокус кон зајакнување и заштита на семејството и децата, поттикнување на бракот, особено кај младите како и зголемување на наталитетот и поддршка за родителите.
„Двајцата соговорници се согласија дека е потребна поголема заштита и зајакнувањето на семејството и семејните вредности, имајќи предвид дека станува збор за области од големо значење за двете општества. Потребна е поголем соработката на сите нивоа, со оглед на тоа што одржувањето на интензивна комуникација на високо ниво значајно придонесува за унапредување на севкупните односи меѓу двете земји“, се додава во соопштението.





















