| Macedonian
СВЕТ
2 мин читање
Стотици израелски доселеници упаднаа во „Гробот на Јосиф“ во Наблус под заштита на армијата
Израелските сили се распоредија низ источен Наблус, ги зазедоа покривите на палестинските домови и затворија патишта за да овозможат влез на доселениците
Стотици израелски доселеници упаднаа во „Гробот на Јосиф“ во Наблус под заштита на армијата
Стотици израелски доселеници упаднаа во „Гробот на Јосиф“ во Наблус под заштита на армијата / АА

Стотици израелски доселеници рано денес упаднаа во „Гробот на Јосиф“ во Наблус, град на окупираниот Западен Брег, за да извршат еврејски верски обреди под заштита на израелските сили, кои беа распоредени во областа и блокираа неколку патишта.

Локални извори изјавија дека израелските сили, придружувани од воени булдожери, влегле во источниот дел на Наблус за да го обезбедат влезот на доселениците на локацијата. Војниците се распоредија околу светилиштето, како и по блиските улици и патишта што водат до него.

Изворите наведоа дека израелските сили зазеле позиции на покривите на неколку палестински куќи, претворајќи делови од нив во воени пунктови. Тие исто така затворија главни патишта и крстосници, со што го попречија движењето на Палестинците во таа област.

Стотици доселеници влегле на локацијата под заштита на армијата и извршиле верски обреди кои траеле неколку часа, додадоа изворите.

„Гробот на Јосиф“ се наоѓа на источната периферија на Наблус и често е посетуван од израелски доселеници, кои доаѓаат под воена заштита за да извршуваат верски обреди.

Израелските доселеници тврдат дека на оваа локација се наоѓаат посмртните останки на библискиот Јосиф, кои биле донесени од Египет и погребани таму.

Палестинските извори и археолозите го оспоруваат ова тврдење, наведувајќи дека градбата е стара само неколку века и претставува гроб на муслиманска верска личност по име Јусеф Двеикат.

Иако локацијата се наоѓа под палестинска управа, во неа редовно упаѓаат израелски доселеници придружувани од израелските сили, најчесто во текот на ноќта.

Според палестинските податоци, израелската армија и доселениците ги интензивираа нападите низ Западниот Брег од октомври 2023 година, при што се убиени повеќе од 1.220 Палестинци, околу 13.746 се повредени, а повеќе од 26.000 се приведени.

Повеќе
Истражување на израелски медиум: Нетанјаху планирал да ги обвини Арапите за „кражба на изборите“
Трамп го пофали „извонредниот личен однос“ со кинескиот претседател Кси
Ерменскиот премиер вели дека неговата земја нема да се приклучи кон НАТО
Стотици израелски доселеници упаднаа во „Гробот на Јосиф“ во Наблус под заштита на армијата
Трамп вели дека САД и Кина се шпионираат меѓусебно, тврди дека Вашингтон го прави тоа подобро
Глобалната иницијатива на Туркије за електрификација ја поддржаа 75 земји на КОП31
Русија соопшти дека железничкиот сообраќај на мостот кон Крим е запрен по нов украински напад
Ердоган: Израел ја претвора Газа во „најголемиот концентрационен логор во светот“
Човиќ: Наскоро ќе се конституираат сите законодавни органи на БиХ
Германија бара САД да има значајна улога во безбедносните гаранции за Украина
Пакистан ја демонстрираше новата суперсонична крстосувачка ракета „Фатах-3“
Иран негира вмешаност во заговорот за атентат кој го разоткрија македонските и грчките служби
Европскта комисија предложи нов заем за Украина до 45 милијарди евра
Ердоган: Масакрите и гладот ​​продолжуваат секојдневно во Газа додека светот само набљудува
Туркије отвори истрага за платформата на игри на Сони Плејстејшн