| Macedonian
Политико: САД и Кина ја договориле продажбата на американската филијала на ТикТок на инвеститорите
Одлуката следува по донесување на законот од 2024 година, кој бара од матичната компанија на ТикТок, кинеската БаајтДенс, да ја продаде апликацијата за да ги реши обвинувањата за наводни врски со Кинеската комунистичка партија
Политико: САД и Кина ја договориле продажбата на американската филијала на ТикТок на инвеститорите
Контролата врз филијалата ќе се пренесе на група инвеститори предводени од технолошките гиганти Оракл и инвестициската фирма Силвер Лејк / Reuters

Владите на Соединетите Американски Држави и Кина денес потпишаа договор со кој контролата врз американската филијала на ТикТок ќе се пренесе на група инвеститори предводени од технолошките гиганти Оракл и инвестициската фирма Силвер Лејк, изјави за Политико функционер на Белата куќа и лице запознаено со договорот.

Според договорот, кој беше наведен во интерен меморандум минатиот месец од извршниот директор на ТикТок, Шо Чу, социјалната мрежа ќе биде управувана во САД од заедничко вложување во кое учествуваат Оракл и Силвер Лејк.

Одлуката следува по донесување на законот од 2024 година, кој бара од матичната компанија на ТикТок, кинеската БаајтДенс, да ја продаде апликацијата за да ги реши обвинувањата за наводни врски со Кинеската комунистичка партија.

Чу претходно изјави во декември дека БајтДенс потпишала обврзувачки договор со инвеститорите, во исчекување на регулаторно одобрување.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп потоа сигнализираше поддршка за договорот со привремено суспендирање на законот, кој би ја забранил апликацијата доколку не се продаде.

Според условите од декемврискиот договор, меѓу сопствениците на американските субјекти би биле компанијата за приватен капитал„Силвер Лејк, фирмата за вештачка интелигенција МГКС од Абу Даби и Оракл.

Крајниот рок за финализирање на договорот, кој администрацијата на Трамп постојано го продолжуваше, истекува на 23 јануари.

Повеќе
Кина одобри иновативен лек против тумори за пациенти со лимфом
Расте бројот на милионери, нивното богатство рекордно се зголемува
Трамп предложи нови царини до 12,5% за ЕУ и уште 59 земји
СпејсX цели кон рекордна вредност од 1,75 билиони долари во јавната понуда
Цените на енергијата поради воените тензии продолжуваат да ја зголемуваат инфлацијата во еврозоната
Алфабет објави план за собирање 80 милијарди долари преку понуди на акции за инвестиции во ВИ
Нвидиа влегува на пазарот на персонални компјутери, новите ВИ чипови предизвик за Интел и АМД
Нов пораст на цената на нафтата поради неизвесноста околу договорот Иран-САД
Крвен тест открива знаци на Алцхајмерова болест децении пред симптомите
Зошто на климатскиот закон му се потребни 1.400 години исламска еколошка мудрост
Доларот не е каков што беше порано: Зошто руската рубља брзо се зајакнува?
Ракетата Њу Глен на компанијата Блу Ориџин експлодираше за време тестирање
ЕУ го казни Тему со 200 милиони евра за кршење на Законот за дигитални услуги
Новите американски напади во Иран ги потресоа пазарите, цените на нафтата повторно пораснаа
Речиси 350 илјади работни мести укинати во германската индустрија последните 7 години
Ново трио кинески астронаути пристигна во вселенската станица Тиангонг
Може ли притисокот на Европа за забрана на социјалните медиуми за деца всушност да функционира?
САД на чекор од трајно летно сметање на времето, Европа тапка во место
Спејс екс го одложи лансирањето на Старшип во последен момент
ОАЕ заврши 50% од гасоводот кој го заобиколува Ормутскиот Теснец