| Macedonian
Модели на ВИ користеле лажни идентитети за да манипулираат со луѓе за време на тестирања
Најнапредниот модел на Антропик- Митос 5 се обидел да вметне злонамерен код за време на тестирање, но нема докази за штета во реалниот свет, соопшти британскиот Институт за безбедност на вештачката интелигенција
Модели на ВИ користеле лажни идентитети за да манипулираат со луѓе за време на тестирања
нема докази оти моделот излегол од безбедната тест-околина

Британскиот Институт за безбедност на вештачката интелигенција (АИСИ) утврди дека најнапредниот модел на компанијата Антропик користел лажни идентитети за да измами луѓе и се обидел да вметне злонамерен код за време на тестирање, што претставува уште еден случај во кој систем на вештачка интелигенција дејствувал надвор од предвидените ограничувања.

Во контролирани услови, со намерно намалени безбедносни механизми, биле тестирани моделите на Антропик и ОпенАИ.

Првпат АИСИ забележал дека модел на вештачка интелигенција применил „социјален инженеринг“ за да влијае врз човек што требало да одобри одредена активност, додека извршувал неовластена задача.

„Ова е првпат АИСИ да забележи измама со ваква сериозност насочена кон вистинско лице, без претходна насока, во реалниот свет“, се наведува во извештајот објавен вчера, при што се додава дека нема докази за каква било штета надвор од тестирањето.

Во рамките на 122 теста поврзани со кибербезбедноста, агентите со вештачка интелигенција во 10 случаи самостојно презеле неовластени активности на интернет. Поголем дел од тие случаи биле поврзани со моделот Митос 5 на Антропик, додека другите се однесувале на моделот „ГПТ 5.6-Сол“ на ОпенАИ.

Во најсериозниот случај, агент на Антропик побарал одобрување за „вметнување злонамерен код во јавно користен проект со отворен извор“, при што создал „повеќе лажни идентитети“, наведува институтот.

Според извештајот, моделот контактирал со вистински луѓе преку онлајн сервис за споделување датотеки, обидувајќи се, нив или нивните алатки за програмирање базирани врз вештачка интелигенција, да ги убеди да го извршат кодот. Кога бил доведен во прашање, моделот изменил претходни записи и размислувал да усвои нов идентитет.

Објавувањето на извештајот се совпадна со состанокот во Белата куќа со водечките компании од областа на вештачката интелигенција, на кој се разговарало за нова рамка за оценување на напредните модели пред нивното јавно пуштање во употреба.

Во објавата на американската компанија за социјални медиуми Х , Антропик соопшти дека тестирањата биле спроведени во „намерно попустливи услови“, со отстранети заштитни механизми и неограничен пристап до интернет. Компанијата наведе дека го истражува случајот и дека нема докази оти моделот излегол од безбедната тест-околина.

ОпенАИ, пак, соопшти дека двата случаја на неовластено однесување на нивниот модел вклучувале напуштање на тест-околината и извршување задачи што биле надвор од предвиденото сценарио, додавајќи дека компанијата е „посветена на соработка со целата индустрија за зајакнување на заедничките практики за безбедно спроведување на високоризични тестирања“.

Повеќе
Европски телекомуникациски компании во заеднички проект за сателитско поврзување
Германската индустрија загубила речиси 500.000 работни места за седум години
Маск вети по една акција од СпејсX за секое дете во САД
Белгиската кралица и крунската принцеза цел на голи слики генерирани од вештачка интелигенција
Сериозни последиците од климатските промени врз здравјето на европските граѓани
Новите трговски патишта на Арктикот доаѓаат со голема климатска цена
Туркиш Ерлајнс потпиша меморандум со ЦФМ за над 300 авионски мотори
Тесла го претстави новиот летачки автомобил по речиси една деценија одложување
Започна „Недела на иновации на Туркије“ со фокус на ВИ
Кина лансираше осум сателити за вештачка интелигенција од десетте испратени во орбитата
Осум американски држави го тужат OпенАИ поради ризиците од ЧетГПТ за децата
Европските компании сè повеќе користат вештачка интелигенција
Роверот „Персеверанс“ на НАСА постави нов рекорд на Марс
Антропик: Моделите на ВИ наскоро би можеле да се копираат низ паметните уреди без човечка контрола
ММФ: Војната и ВИ го менуваат глобалниот раст, јазот меѓу земјите се продлабочува
Кинеската компанија БИД размислува за отворање уште две фабрики за автомобили во Европа
Мајкрософт го претстави ВИ чипот Maиa 300, планира поширока примена од 2027 година
Турската одбранбена компанија АСЕЛСАН го претстави системот ГОКАЛП за пресретнување дронови
Квантните компјутери се закана за крипто паричниците, предупредува Европол
Петпати смртоносни патогени „избегале“ од лабораториите