Иран го затвори Ормускиот теснец и се закани со напади врз бродовите
Советникот на командантот на ИРГЦ изјави дека иранските сили ќе ги таргетираат сите бродови што ќе се обидат да го преминат Ормускиот теснец, како и нафтоводите на „непријателот“ и оти нема да дозволат извоз на нафта од регионот
Советник на командантот на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави дека Ормускиот теснец, еден од најважните светски извозни правци за нафта, е затворен, предупредувајќи дека секој брод што ќе се обиде да помине низ водниот пат ќе биде нападнат.
Советникот на командантот на ИРГЦ изјави дека иранските сили ќе ги таргетираат сите бродови што ќе се обидат да го преминат Ормускиот теснец, како и нафтоводите на „непријателот“ и оти нема да дозволат извоз на нафта од регионот, објавува Ал Џезира.
„Ормускиот теснец е затворен и ќе го таргетираме секој брод што ќе се обиде да помине“, рече тој.
Ормускиот теснец, контролиран од Иран, е најважниот светски пат за транспорт на нафта.
Околу една петтина од вкупната светска трговија со нафта поминува низ тој воден пат, кој ги поврзува најголемите производители на нафта во Персискиот Залив со Оманскиот Залив и Арапското Море.