Напад на воз во Пакистан: Ослободени 155 заложници, убиени 27 милитанти

Милитантите лојални на забранетата Ослободителна војска на Белоџистан (БЛА) тврдат дека зеле уште 214 патници како заложници откако нападнале воз во планинската област во оддалечениот округ Болан, Балoџистан, во вторникот

Безбедносните сили соопштија дека меѓу ослободените има жени и деца, додека операцијата за ослободување на преостанатите патници е во тек / Reuters

Најмалку 155 заложници се ослободени, додека 27 милитанти се убиени за време на операцијата на пакистанските безбедносни сили што продолжи по нападот на милитантите на воз во југозападната пакистанска провинција Балоџистан.

Милитантите лојални на забранетата Ослободителна војска на Белоџистан (БЛА) тврдат дека зеле уште 214 патници како заложници откако нападнале воз во планинската област во оддалечениот округ Болан, Балoџистан, во вторникот.

Безбедносните сили соопштија дека досега ослободиле 155 заложници, меѓу кои и жени и деца, додека операцијата за ослободување на преостанатите патници е во тек.

Неофицијалните извештаи покажуваат дека најмалку десет патници, вклучувајќи го и машиновозачот, загинале во нападот.

Се уште нема официјални информации за жртвите.

Според безбедносни извори, неколку милитанти со експлозивни елеци зазеле позиции во близина на заложниците, принудувајќи ги силите на дополнителна претпазливост додека ја спроведуваат операцијата.

БЛА и некои други групи одамна извршуваат напади врз безбедносните сили и граѓаните од другите делови на земјата.

Тие се борат за „ослободување“ на Белоџистан, тврдејќи дека покраината била насилно припоена кон Пакистан по крајот на британската колонијална власт во Обединета Индија во 1947 година.