| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
„Хјуман рајтс воч“ повикa на итна акција за заштита на цивилите во Газа без да се чека спроведување на планот на Трамп
Планот од 20 точки не се однесува директно на прашањата поврзани со човековите права или одговорноста за сериозните злосторства извршени од 7 октомври 2023 година
„Хјуман рајтс воч“ повикa на итна акција за заштита на цивилите во Газа без да се чека спроведување на планот на Трамп
„Хјуман рајтс воч“ повикa на итна акција за заштита на цивилите во Газа без да се чека спроведување на планот на Трамп / AA
6 октомври 2025

„Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) денес ги повика владите да преземат итни мерки за заштита на правата на палестинскиот народ во Газа, без да чекаат спроведување на планот за прекин на огнот.

Организацијата за човекови права со седиште во Њујорк соопшти дека планот што го презентираше американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување прекин на огнот во Појасот Газа „не ги заменува итните мерки што владите мора да ги преземат за да ги заштитат цивилите и да ја поддржат правдата по две години тешки злоупотреби во Израел и Палестина“.

„Планот од 20 точки не се однесува директно на прашањата поврзани со човековите права или одговорноста за сериозните злосторства извршени од 7 октомври 2023 година“, се вели во соопштението.

Организацијата документираше голем број прекршувања на законите на војување што претставуваат воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително истребување (на Палестинците), акти на геноцид и прекршувања на обврзувачките наредби издадени од Меѓународниот суд на правдата (МСП), додаде таа.

Организацијата ги повика владите да извршат притисок врз Израел да ги укине незаконските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа и да воведат санкции за Тел Авив, вклучително и запирање на трансферот на оружје, суспендирање на трговските договори со Израел и издавање забрани за патување и замрзнување на средствата на израелските функционери што се вмешани во тековните тешки прекршувања.

„Сите влади мора да дејствуваат за да спречат натамошни злосторства и да ја одбранат универзалноста на човековите права“, соопшти групата.

На 29 септември Трамп претстави план од 20 точки, кој вклучува ослободување на сите израелски заробеници во замена за палестинските затвореници, прекин на огнот, разоружување на палестинската група Хамас и обнова на Газа.

Во неделата делегација на Хамас пристигна во Египет на индиректни преговори со Израел откако изјави дека во принцип се согласила со планот.

Во израелските бомбардирања од 7 октомври 2023 година досега се убиени повеќе од 67.100 Палестинци во Газа, повеќето жени и деца.

Нападите ја направија енклавата несоодветна за живот, а тековната блокада дополнително предизвика глад кај населението.

Повеќе
Туркије: Меѓународната заедница мора да преземе чекори против загрозувачките постапки на Израел
ЕУ го казни X на Илон Маск со 120 милиони евра за прекршување на обврските за транспарентност
Израелските сили ја заострија опсадата на Западниот Брег, упаднаа во Калкилија
Нарачките од германските фабрики се зголемиле над очекувањата
Орбан: Унгарија ќе ја тужи ЕУ ако Брисел го игнорира ветото за санкции за купување руски гас и нафта
Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го забрза присоединувањето кон Европската унија
Израелски резервен офицер се самоуби откако беше вмешан во геноцидот во Газа
Мадуро: Венецуела ќе продолжи да прифаќа мигранти депортирани од САД
Германската опозиција ја критикува планираната посетата на канцеларот во Израел
Путин пречекан на претседателската церемонија пред самитот Индија-Русија
Њујорк тајмс го тужи Пентагон дека ја ограничува слободата на изразување
Израелска делегација разговараше во Египет за враќањето на последниот заложник од Газа
ТРТ го напушти состанокот на ЕБУ, членовите се судрија околу учеството на Израел на Евровизија
Поранешните градоначалници на Кочани негираат вина за пожарот во Пулс
Средба Муцунски - Сијарто во Виена, нагласена поддршката на Унгарија за евроинтеграцијата