Фрлена бомба на куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Во инцидентот нема повредени, а предизвикана е материјална штета

By
Frlena bomba na kukjata na Zdravko Colic vo Belgrad / AA

Експлозивна направа беше фрлена врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во Белград околу 5 часот наутро, при што беше предизвикана голема материјална штета.

Според првичните информации, во инцидентот нема повредени и нема потврдени информации за тоа дали некој од семејството во коментот се наоѓал во куќата.

Според првичните сознанија во дворот е фрлена рачна бомба, а мотивот за нападот засега е непознат.

Дежурниот јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Белград излезе на местото на настанот, каде што работи со полицијата за да ги утврди сите околности на нападот.