| Macedonian
РЕГИОН
3 мин читање
Муцунски ги претстави трите стратешки приоритети на македонската дипломатија
Заштита на македонските национални интереси, дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните кои живеат надвор од нашата држава се трите стратешки национални интереси, појасни Муцунски.
Муцунски ги претстави трите стратешки приоритети на македонската дипломатија
Муцунски ги претстави трите стратешки приоритети на македонската дипломатија / َAA

Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните кои живеат надвор од границите на нашата држава се трите стратешки национални интереси, кои денеска ќе им бидат презентирани на членовите на Амбасадорскиот совет, информираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Пред одржувањето на Амбасадорскиот совет на кој треба да се обрати и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, Муцунски во изјава за медиумите истакна дека целта во рамките на оваа сесија со претседателот на Владата е нашите амбасадори и генерални конзули изворно да слушнат кои се приоритетите за следната година и да добијат насоки за постапување по однос на нашите клучни стратешки национални интереси.

„​Прво е заштитата на македонските национални интереси. ​Второ е користењето на потенцијалот на нашите дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија, но и стимулирање на трговијата, односно извозната компонента на нашата економија. ​Третата е заштитата на интересите на нашите граѓани надвор од нејзините граници — независно дали се тоа Македонци коишто живеат надвор од нашата држава или се тоа наши граѓани коишто патуваат заради различни причини. И во таа смисла тука зборуваме пред сè за конзуларните услуги и потребата од нивна модернизација, подобри услуги за Македонците надвор од границите на државата“, изјави Муцунски.

Прашан за кои пазари гледа најголем потенцијал, Муцунски со одговор дека нема никаква дилема оти клучен наш пазар за економска соработка се земјите во Европската Унија.

„Тој ни е најзначаен трговски партнер – земјите членки на Европската Унија. Но, еднакво значајно во последниот период и импетусот, кој што го даваме насочен кон засилена трговска соработка со Соединетите Американски Држави. Скоро беше тука во посета претседателката на Индија. Индија исто така е еден значаен пазар. Земјите од Арапскиот Залив се исто така земји со кои што гледаме интерес и гледаме засилена соработка во следниот период. ​Така што, секако примарна ни е соработката со оние традиционални трговски партнери, но отвораме можности и за нови пазари и тоа се дел од приоритетите на нашите дипломатско-конзуларни претставништва“, рече Муцунски.

Претседателот на Владата, Мицкоски пред почетокот на Амбасадорскиот совет вели дека тоа што е стратешка определба на Министерството за надворешни работи е стратешка определба на Владата и како што рече „тука не треба никој да има дилема“. -Тоа што го кажа министерот е апсолутно усогласено со политиките на Владата. Така што дел од пораките што јас денеска ќе ги зборам пред нив се содржани во тие три столба-изјави Мицкоски.

ИЗВОР:TRT Balkan / агенции
Повеќе
Туркије, Катар, Индонезија и Пакистан потпишаа меморандум за одбранбена соработка
Апсења во Нови Сад, Врњачка Бања и Белград на осомничени за планирање немири на денот на избoрите
Масовни протести низ Грција: Студентите бараат бесплатно образование, а професорите повисоки плати
Путин: Првиот танкер со дизел гориво ќе се упати кон САД за два до три дена
Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна во услови на засилено вооружување во Европа
Европската комисија: Нивото на залихите на гас во ЕУ е под историскиот просек
За европратениците и Калас укинувањето на санкциите врз Русија од страна на Трамп е срамно
Кос: Билатералните прашања меѓу Хрватска и Црна Гора не се дел од преговорите, но мора да се решат
Рама повторнo ги постави столчињата искршени од студентите и ги повика на дијалог
Туркије ќе ги заостри казните за злоупотреба на пазарот и тргување со инсајдерски информации
Франција ги проценува штетите од протестите на стотици милиони евра
Лула бара изборниот суд да ги објави неговите банкарски евиденции
Трамп: Зеленски мора да сака да ја прекине оваа војна, инаку сè ќе заврши многу лошо
Бугарија нема да учествува во новата помош на ЕУ за Украина
НАТО ќе испрати авиони и беспилотни летала во Црното Море по нападите врз бродови