| Macedonian
СВЕТ
3 мин читање
Уапсен убиецот на Чарлс Кирк, ФБИ го откри неговиот идентитет
Тајлер Робинсон (22) бил уапсен откако член на семејството разговарал со пријател, кој го известил шерифот на округот Вашингтон дека осомничениот признал или имплицирал дека го извршил убиството
Уапсен убиецот на Чарлс Кирк, ФБИ го откри неговиот идентитет
Заедно со пушката биле пронајдени куршуми со испишани пораки „Еј фашисто! Фати го ова!“ и „О бела чао, бела чао, бела чао, чао, чао“ / AP

Убиецот на десничарскиот активист Чарли Кирк е 22-годишниот Тајлер Робинсон, соопшти ФБИ на вонредна прес-конференција.

Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, го потврди идентитетот на осомничениот на прес-конференција во петок наутро, стоејќи покрај директорот на ФБИ, Кеш Пател, и други службеници за спроведување на законот.

„Синоќа во 22 часот по локално време, осомничениот беше уапсен“, 33 часа по убиството, рече директорот на ФБИ, Пател.

Кокс рече дека член на семејството на Робинсон контактирал семеен пријател кој контактирал со канцеларијата на шерифот на округот Вашингтон со информации дека Робинсон признал или имплицирал дека го извршил убиството.

Куршуми со пораки

Истражителите потоа го идентификувале Робинсон на снимки од надзорните камери од Универзитетот Јута Вали - каде што Кирк беше убиен во среда - и снимката, рече Кокс, го покажува Робинсон како пристигнува на Универзитетот во Јута Вали во 8:29 часот наутро во сив Доџ Челинџер.

Друг член на семејството сведочеше дека „Робинсон станал повеќе политички ориентиран во последните години“, додаде гувернерот.

Тој, исто така, извести за неодамнешен разговор со родител во кој Тајлер Робинсон ја споменал претстојната посета на Кирк на Јута за јавна дебата што ќе се одржи на универзитетскиот кампус и изразил непријателство кон него и неговите ставови.

Гувернерот понатаму тврди дека текстуалните пораки меѓу Тајлер Робинсон и неговиот цимер на сервисот за инстант пораки Дискорд.

„Содржината на оваа комуникација вклучува пораки во кои се наведува потребата да се земе пушката од местото каде е оставена, оставање на пушката во грмушка, пораки поврзани со визуелно набљудување на областа каде што била оставена пушката и порака што се однесува на пушката оставена завиткана во пешкир.“

Во пораките, рече Кокс, исто така се споменуваат куршуми со врежани пораки, а Тајлер наводно споменува дека треба да се пресоблече.

Гувернерот рече дека куршуми со пораки врежани на чаурите биле откриени со пушката.

Тој рече дека натписот на испуканата чаура гласел: „Известувања. Испакнатини. ОВO. Што е ова?“

Кокс додаде дека на неиспуканите куршуми били напишано: „Еј фашисту! Фати го ова!“, „О бела чао, бела чао, бела чао, чао, чао“, „Ако го читаш ова, ти си геј. ЛМАО“.

Гувернерот на Јута рече дека осомничениот, Тајлер Робинсон, не бил студент на Универзитетот Јута Вали, каде што се случило убиството.

Истрагата е во тек

Кокс додаде дека нема информации за историјата на ментални заболувања на Робинсон. Тој долго време живеел со своето семејство во округот Вашингтон, во југозападна Јута, на околу три часа од универзитетот.

„Во моментов немаме никакви информации што би довеле до дополнителни апсења, но истрагата е во тек“, рече Кокс, додавајќи дека истражителите ја пронашле пушката завиткана во темна крпа и дека имала и држач за нишан.

По коментарите и изјавата на директорот на ФБИ, Кеш Пател, гувернерот на Јута, повторно се огласи, нарекувајќи го убиството на Чарли Кирк „напад врз американскиот експеримент“.

„Ова е исто така многу поголемо од напад врз поединец. Тоа е напад врз американскиот експеримент. Тоа е напад врз сите нас. Тоа е напад врз нашите идеали. Удира во самата срж на тоа кои сме, кои бевме и кои би можеле да бидеме во подобри времиња“.

Кокс рече дека убиството значи оти луѓето потешко ќе чувствуваат дека можат да ги споделат своите идеи, дека можат слободно да зборуваат“.

Повеќе
Ердоган: Организирањето на Самитот на НАТО во Анкара  е извор на голема гордост и среќа
Израел ќе спроведе голема воена офанзива на делови од окупираниот Западен Брег
Седницата за гласање недоверба на Владата на Србија е закажана за понеделник
Зеленски: Шест лица загинаа, десетици се повредени во рускиот напад врз регионот на Киев
Индија ja продолжува блокадата на мобилниот интернет во центарот на Њу Делхи
Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО
Мерц ја реконструираше владата, Нина Варкен првата жена на функцијата шеф на канцеларијата
Лавров: Треба да се утврди кој е одговорен за неуспехот на договорот од самитот на Алјаска
Мицотакис: Нема да има предвремени избори наесен, ќе бидат редовни во 2027 година
Масовна евакуација на жители и туристи во Франција по шумските пожари
ЕУ изненадена од новите тарифи наметнати од САД
Четворица Палестинци убиени во напад на израелската армија и доселеници кај Наблус на Западниот Брег
Туркије ги испраќа првите пилоти во Велика Британија за обука на Еурофајтер
Изгласана реконструкцијата на Владата на Црна Гора, именувани четири нови министри
Стапија на сила новите царини на САД за над 60 држави поради увоз од принудна работа