| Macedonian
ВОЈНА ВО ГАЗА
2 мин читање
Израел го преименува планот за раселување на жителите на Газа по критиките за присилно раселување
Во декември 2025 година Канал 12 објави дека израелските безбедносни структури ѝ претставиле на Владата план за иселување на Палестинците од Газа по копнен, морски и воздушен пат, но, во разговорите со неколку земји не се постигнал конкретен договор
Израел го преименува планот за раселување на жителите на Газа по критиките за присилно раселување
Висок израелски официјален претставник призна дека Израел се обидува да поттикне колку што е можно повеќе Палестинци од Газа да заминат / AA

Израелските политички и безбедносни претставници го заменија терминот „доброволна миграција“ со „План за слободно движење“ кога станува збор за плановите за преселување на Палестинците од Појасот Газа, објави израелскиот Канал 13, во услови на меѓународна загриженост поради присилното раселување.

Повикувајќи се на неименувани информирани извори, Канал 13 наведе дека на надлежните органи, вклучително и безбедносните и разузнавачките институции, им биле дадени инструкции „повторно да се иницира планот користејќи јазик што би се сметал за поприфатлив на меѓународно ниво“.

Изворите вклучени во контактите со засегнатите земји „изразија оптимизам дека промената на терминологијата би можела да помогне во промената на ставовите на тие земји и да го оживее планот по претходните неуспеси“, додаде каналот.

Висок израелски официјален претставник, чие име не беше откриено, призна дека Хамас „сè уште постои“ во Појасот Газа и дека Израел се обидува да поттикне „колку што е можно повеќе Палестинци од Газа“ да заминат.

Во април, израелскиот весник „Хаарец“ објави дека премиерот Бенјамин Нетанјаху ја задолжил советничката за меѓународни прашања, Каролин Глик, да ги унапреди плановите за преселување на Палестинците, што вклучувало контакти со отцепениот регион Сомалиленд и Демократска Република Конго, иако тие напори не дадоа резултат.

Во декември 2025 година Канал 12 објави дека израелските безбедносни структури ѝ претставиле на Владата план за иселување на Палестинците од Газа по копнен, морски и воздушен пат, меѓутоа, во разговорите со неколку земји не се постигна конкретен договор.

Израел постојано го оправдува раселувањето на Палестинците со терминот „доброволна миграција“, додека континуираната војна, масовните уништувања и заострената блокада на Појасот Газа предизвикаа постојани предупредувања од Палестинската самоуправа, Хамас и арапските држави дека станува збор за присилно раселување.

Во геноцидната војна на Израел во Газа од октомври 2023 година загинаа над 73.000 Палестинци, повредени се повеќе од 173.000, а предизвикано е огромно уништување на околу 90 отсто од инфраструктурата на енклавата.

Повеќе
Арагчи: Иран е единствено одговорен за повторното отворање на Ормускиот Теснец
СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
Израел го преименува планот за раселување на жителите на Газа по критиките за присилно раселување
Сирија ги осуди израелските упади и гранатирања на јужниот дел на земјата
Куртулмуш: Прекинот на израелската агресија клучен за обезбедувањето светски мир
Кси му вети на Лукашенко континуирана развојна помош за Белорусија
Дефиле на бебиња во колички и мајки низ велешките улици
Пакистан објави дека убил 29 милитанти во операции долж границата со Авганистан
Северна Кореја ја осудува заедничката воена вежба на САД и Јапонија
Бројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 1.450, над 46.000 лица се исчезнати
Кина стави 20 јапонски субјекти под извозна контрола
Туркије: Израел ги користи настаните од 1915 година за прикривање на злосторствата во Газа
Иран и САД постигнаа договор по нападите: Oрмуз е отворен, преговорите продолжуваат
Четиривековниот пазар на зачини во Истанбул секој ден пречекува по 60.000 посетители
Ротирачката врата на Даунинг стрит: Излезот на Стармер и десетгодишната цена од Брегзит