| Macedonian
СПОРТ
2 мин читање
УЕФА: ФИФА не може да го користи нашиот спорт за да се збогати себеси и своите партнери
Соопштението следи по писмото од Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го поставил 19 септември како краен рок за сите 211 членки да прифатат еднократна понуда од по 20 милиони долари како дел од инвестицискиот план за Светското првенство
УЕФА: ФИФА не може да го користи нашиот спорт за да се збогати себеси и своите партнери
Време е националните асоцијации, клубовите, лигите, играчите и навивачите да бидат приоритет, изјавија од УЕФА

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) не може да продолжи да го користи нашиот спорт за да се збогати себеси и своите партнери, објави денес Европската фудбалска унија (УЕФА), според британските медиуми.

Соопштението следи по писмото од Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го поставил 19 септември како краен рок за сите 211 членки да прифатат еднократна понуда од по 20 милиони долари како дел од инвестицискиот план за Светското првенство.

Во писмото до членовите на ФИФА, Инфантино навел зошто сака да основа нова подружница на ФИФА вредна 20 милијарди долари, во која 20 проценти од сопственоста би биле во рацете на приватни инвеститори. Оваа подружница би управувала со натпревари и настани под покровителство на ФИФА, како што се Светските првенства за мажи и жени и Светското клупско првенство.

„Денес дознавме дека ФИФА поставила рок за националните асоцијации да ги поддржат нејзините предлози или еднократната финансиска уплата ќе биде повлечена. Ова зборува многу за природата на овој план“, објави УЕФА.

„По дискусиите со бројни актери од светот на фудбалот, УЕФА е убедена дека постои значително и растечко противење на проектот на ФИФА. ФИФА не може да продолжи да го користи нашиот спорт за да се збогати себеси и своите партнери. Фудбалот може да се развива на вистински начин. Време е националните асоцијации, клубовите, лигите, играчите и навивачите да бидат приоритет“, изјави УЕФА.

Ројтерс објави дека Фудбалската конфедерацијата на Северна и Централна Америка и Карибите (КОНКАКАФ) изразила загриженост во врска со планот на ФИФА.

„Длабоко сме загрижени за отсуството на соодветна постапка и процес на консултација“, се вели во соопштението на КОНКАКАФ.

Азиската фудбалска конфедерација (АФК) изјави дека е „разочарана што прашање од толку голема важност стигнало до јавноста пред АФК да има можност да го разгледа и дискутира“.

Повеќе
Иран ја критикува Канада за поддршката на војната на САД иако е омаловажувана од Трамп
Загинати и на руска и украинска страна по меѓусебните напади
Мелони: Европа мора да ги заштити границите во услови на мигрантска криза
Израелски воздушен напад врз либанскиот град Ал-Кантара
Трамп: Многу сум среќен што Туркије, Саудиска Арабија и Пакистан го потпишаа Договорот од Мека
Израелската војска спречи достава на вода на Палестинците под опсада на Западен брег
Папата Лав XIV повторно повика за крај на насилството врз Палестинците во Западен Брег
Ердоган: Туркије со национално единство го решава повеќедеценискиот проблем со тероризмот
Турската железничка мрежа проширена на 13.919 километри за 24 години
Водата во Гостивар е безбедна за пиење
Мелони: Европа мора да ги заштити надворешните граници во услови на мигрантска криза
Курти апелира да се избере претседател на Косово за излез од политичката криза
Турската владејачка АК партија одбележува 25 години од основањето
15-годишник обвинет за пожар во кој загинаа двајца пожарникари во Франција
Бројот на загинати во земјотресот во Колумбија се зголеми над 280