Кајри носеше маичка во чест на загинатите новинари во Газа на НБА Ол-стар

Кајри Ирвинг, кошаркарската ѕвезда која претходно ги привлече насловните страници поради својата поддршка за Газа и Палестина, носеше кефија на прес-конференцијата за да го привлече вниманието кон геноцидот во Газа

By
Кајри носеше маичка во чест на загинатите новинари во Газа на НБА Ол-стар / Reuters

Ѕвездата на Далас Маверикс, Кајри Ирвинг, носеше маичка со натпис „PRESS“ со порака во чест на новинарите убиени во Газа на натпреварот од НБА Ол-стар, јавува Анадолу.

„Посветено на нашите сакани новинари во Газа што на светот му ја покажуваат вистината“, стои во пораката.

Триесет и тригодишната кошаркарска ѕвезда, која претходно ги привлече насловните страници поради својата поддршка за Газа и Палестина, носеше кефија на прес-конференцијата за да го привлече вниманието кон геноцидот во Газа.